Достапни линкови

Убиството на Багдади не значи и крај на ИД


Трамп исвиркан на стадион во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Трамп исвиркан на стадион во Вашингтон

Поголем број светски лидери ја поздравија американската акција во Сирија во која загина лидерот на екстремистичката Исламска држава Абу Бакр ал Багдади. Експертите со оценка дека иако станува збор за клучен момент, сепак тоа не значи и крај на терористичката Исламска држава. Трамп пак дома се соочува со критики.

Појавувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на натпревар на светската бејзбол серија во Вашингтон дојде во значаен момент на неговото претседателствување.

Притоа тој привлече и гласни извици на поддршка, но и на негодување од публиката.

Неколку часа претходно, тој објави дека американските сили го нападнале скривалиштето на водачот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади, кој беше убиен во рацијата во североисточна Сирија.

Воениот успех против најбараниот непријател на САД и сојузниците, според посматрачите, требаше да му обезбеди на претседателот редок момент на двопартиска сплотеност, особено во однос на истрагата за можен импичмент на Трамп.

Сепак, тој се соочи со извесно негодување при што некои од навивачите имаа напишано транспарент „Импичмент за Трамп“.

Демократите му забележуваат на претседателот дека воопшто не го информирал Конгресот за преземната акција во Сирија.

Од друга страна неговите републиканци ја пофалија акцијата. Сенаторот Линдзи Греам изјави:

„Кога станува збор за тероризмот, претседателот ги смени правилата на ангажман. Мислите дека калифатот се уништил? Тој донесе свесна одлука кога отиде во Ирак да ја промени играта кога станува збор за уништување на ИД“.

Голем број државници го поздравија убиството на Багдади оценувајќи, како турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, дека тоа е пресвртница во борбата против тероризмот.

На ист став е и генерал Ричард Лосон Баронс поранешен командант на Здружените сили на Британија:

„Ова е навистина значаен момент. Багдади беше иконски водач на ИД, исто толку значаен за нив, како што беше Осама бин Ладен за Ал-Каида. Но, оваа кампања против ИД е далеку од завршена. Идејата е жива и здрава и има многу оперативци на ИД низ целиот свет“.

Трамп пак, при објавувањето на смртта на Багдади, не избегна да направи споредба со акцијата пред неколку години кога за време на претседателот Барак Обама беше убиен лидерот на Ал Каида Осма бин Ладен.

„Ова е поголемо од тогаш“, оцени Трамп.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG