Достапни линкови

Трамп бара Турција да ја прекине инвазијата во Сирија


Трамп со санкции врз Турција поради акцијата во Сирија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Трамп со санкции врз Турција поради акцијата во Сирија

Претседателот Доналд Трамп воведе санкции врз Турција и побара од сојузникот во НАТО да го запре воениот упад во североисточна Сирија, кој брзо го реструктуира бојното поле во сегашната најсмртоносната војна во светот.

Претседателот Доналд Трамп ги покачи царините за челикот од Турција и воведе санкции поради нејзиниот упад во Сирија.

Американскиот секретар за финасии Стивен Мнучин изјави: „Ефективно веднаш, ние санкциониравме тројца министри, министерот за одбрана, министерот за внатрешни работи и министерот за енергетика“.

Покрај царините за челик кои се зголемени на 50 проценти, Трамп најави дека „Соединетите држави, исто така, ќе ги прекинат преговорите со Турција за трговски договор во вредност од 100 милијарди долари“.

Според оценките, Трамп на ваков начин се обидува да ја ограничи штетата од неговата многу критикувана одлука за повлекување на американските трупи од североисточна Турција.

Таа, како што оценуваат и некои републиканци, и даде зелено светло на Анкара да тргне против Курдите кои пак им беа сојузници на САД во борбата против екстремитичката Исламска држава.

Белата куќа ги одвраќа ваквите критики.

Потпретседателот Мајк Пенс изјави дека Трамп разговарал со турскиот претседател Ердоган и побарал да ја прекина инвазијата:

„Па, Соединетите Американски Држави не и дадоа зелено светло на Турција да ја нападне Сирија ... приговорите на претседателот тука се многу јасни, дека санкциите објавени денес ќе продолжат и ќе се влошат, освен ако и додека Турција не прифати итен прекин на огнот, го прекине насилството и се согласи да преговара за долгорочно решавање на прашањата по должината на границата меѓу Турција и Сирија“.

Во меѓувреме турскиот претседател Ердоган, споредувајќи ја сегашната инвазија во Сирија со акцијата на турската армија во Северен Кипар во 1974 година изјави:

„Без оглед на заканите и притисоците, решени сме да ја продолжиме операцијата до крај. Јас јасно кажувам, апсолутно ќе ја завршиме работата што ја започнавме “.

Офанзивата на Турција има за цел да ги неутрализира придобивките на сириската курдска милиција, која Анкара ја смета за терористичка група.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG