Достапни линкови

Вести

Германија ќе потпише безбедносен договор со Северна Македонија

Илустрација
Илустрација

Германија планира да потпише безбедносен договор со Северна Македонија следната недела за соработка во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Потпишувањето е закажано на 17 октомври, според одговорот на германската влада на пратеничкото прашање на левичарот АНдреј Хунко, јави германската новинска агенција ДПА.

Разговорите поврзани со безбедноста се уште се одвиваат меѓу германскиот министер за внатрешни работи Хорст Шехофер и неговиот македонски колега Оливер Спасовски.

Северна Македонија е транзитна држава за мигрантите кои бараат спас во Западна Европа.

Германскиот министер неодамна изјави дека работната група за Западниот Балкан иницирана од Австрија има за цел да постигне „координирани, континуирани истраги за разбивање на криумчарски мрежи и ланци на трговија со луѓе.

За да се постигне ова договорено е зголемување на размената на информации со полициската европска агенција Еуропол и граничната Фронтекс.

види ги сите денешни вести

Орбан не може да биде посредник, смета Зеленски

Унгарскиот премиер Виктор Орбан (фотоархива)
Унгарскиот премиер Виктор Орбан (фотоархива)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека Виктор Орбан не може да посредува меѓу Русија и Украина за да се стави крај на инвазијата на Москва додека унгарскиот премиер отпатува во Пекинг за да ја продолжи, како што ја нарекува, „мировната мисија 3.0“.

Состаноците на Орбан во Пекинг уследија по неговите посети на Киев и Москва откако Унгарија го презеде претседавање со Советот на ЕУ на 1 јули, за што претставниците на ЕУ и на САД се огласија со порака дека унгарскиот премиер на овие патувања не ја претставува Унијата.

Во писмото до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел од 5 јули, Орбан рече дека, врз основа на неговите разговори со рускиот претседател Владимир Путин, верува дека сега има „поголема шанса за позитивен прием на сите можни предлози за прекин на огнот и за патоказ до мировните преговори“.

Мајк Карпентер, висок советник за Европа во Советот за национална безбедност на Белата куќа, пак, рече дека средбата на Орбан со Путин не била корисна.

„Не мислам дека [посетата на Орбан на Москва] ќе ја поддржи Украина и нејзините напори за изнаоѓање мир или суверенитет или територијален интегритет“, рече Карпентер на 8 јули на брифинг со новинарите одржан додека САД се подготвуваат за отворање на самитот на НАТО на 9 јули.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, минатата недела рече дека ротирачкото претседателство на ЕУ „нема мандат да се ангажира со Русија во име на ЕУ“ и го повтори ставот на Унијата дека Русија е агресор во војната во Украина.

Орбан во своето писмо тврди дека раководството на САД е „ограничено“ поради тековната кампања за претседателските избори. Затоа, тој смета дека ЕУ не може да очекува никакви предлози од Вашингтон во наредните месеци и дека Брисел треба да размисли за покренување европска иницијатива.

Говорејќи на прес-конференција во Полска, Зеленски рече дека само моќните земји со вооружени сили многу посилни од руските можат да успеат да организираат мировни преговори.

„Дали има многу такви земји низ светот? Не многу. Верувам дека САД и Кина се такви земји. И ЕУ, не една земја, туку целата ЕУ. Ова може да биде посредничка мисија“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Киев останува отворен за предлози од други земји за тоа како да се обликува патот кон мирот, но тие треба да се усогласат со украинската визија, особено со мировниот план од 10 точки.

Зеленски инсистираше на тоа дека територијалниот интегритет на Украина мора да биде основата на секој мировен договор.

Путин, пак, вели дека условите за завршување на војната вклучуваат откажување на Киев од желбата да се приклучи на НАТО и отстапување на Крим и четири други окупирани региони во Украина.

Во писмото до Мишел, Орбан наведува дека тој не дал никаков предлог „и не изразил никакво мислење во име на Европскиот совет или Европската унија“.

Тој рече дека во однос на мировната формула презентирана од Зеленски, Путин повторно посочил оти Русија сè уште го смета за релевантен документот предаден за време на мировните преговори во април 2022 година во Турција. Особено делот што ги специфицира меѓународните безбедносни гаранции што треба да и се дадат на Украина.

Во писмото на Орбан, исто така, се вели дека толкувањето на Путин за ситуацијата на фронтот „суштински се разликува“ од она на Зеленски.

Рускиот лидер верува дека „времето не е на страната“ на Украина, туку на страната на руските сили. Според Орбан, Путин не се осврнал на руските жртви, но проценките на Русија за загубите на Украина се движат меѓу 40.000 – 50.000 војници месечно.

Затоа, Путин беше изненаден што Зеленски отфрли привремен прекин на огнот, вели Орбан.

„Русија е подготвена да го разгледа секој предлог за прекин на огнот што не служи за скриено преместување и реорганизација на украинските сили“, пишува Орбан во писмото.

Украина не објавува податоци за своите жртви, но Зеленски на 25 февруари рече дека 31.000 украински војници загинале во војната до тој момент и ги отфрли како неточни многу повисоките проценки што ги дава Москва за украинските загуби.

Во писмото Орбан се осврнува и на кинеско-бразилскиот мировен предлог што се разгледува од руска страна. Кина, во мировниот план од шест точки, предлага да се одржи меѓународна мировна конференција „во соодветно време“ и повикува на еднакво учество и на Украина и на Русија.

Москва е „подготвена да размени мислења за тоа, под услов рамката на мировните преговори да биде соодветна“, рече тој.

На самитот во Швајцарија, пак, беше разгледан предлогот на Украина за мир, а Киев се надева дека ќе се одржи и втор самит подоцна оваа година. Кина не присуствуваше на првиот состанок во Швајцарија.

По средбата на Орбан со Кси во Пекинг, тој му напиша посебно писмо на Мишел во кое наведува дека разговорите „потврдиле оти кинеската мировна политика, која се заснова на принципите да нема проширување, без ескалација и никаква провокација, ќе остане на сила во догледно време во иднина“.

Одбраната на Мерко бара да не му се суди за автомобилот поради застареност на случајот

Рамиз Мерко, градоначалник на Струга
Рамиз Мерко, градоначалник на Струга

Денеска, 8 јули, во Основниот суд во Струга се одложи рочиштето за главна расправа во судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“ вреден 67 илјади евра. Причината за одложување на рочиштето е што на судот му е потребно време да ги разгледа предлозите што ги дале обвинителот и одбраната.

Јавниот обвинител од Основно јавно обвинителство Струга Никола Јолески побара судот да ги одбие предложените докази од одбраната со образложение дека се нејасни и нецелосни и оти ќе придонесат за одолговлекување на постапката.

Адвокатот на Мерко, Игор Петкоски, пак, побара судот да го отфрли обвинителниот предлог, бидејќи, според него, рокот за обвинение изминал.

„Обвинителниот предлог од страна на Јавното обвинителство е поднесен на 28 февруари 2024 година до Основен кривичен суд Скопје, со кој обвинетиот се товари за дејствија од 2018 година, што значи изминале повеќе од пет години и судот требало согласно член 337 од Законот за кривична постапка, да донесе решение со кое ќе го одбие обвинителниот предлог“, рече адвокатот Петкоски, пренесе МИА.

Судијката Надица Митреска рече дека како суд треба да ги проверат околностите, особено за барањето на одбраната која предлага да се донесе решение дека е настапена застареност на кривичното гонење.

Следното рочиште треба да се одржи на 2 септември.

Обвинението за набавката на „аудито“ беше поднесено на 1 март. Покрај за него, тоа опфаќа набавка на уште три автомобили. Вредноста на сите возила е околу 114.000 евра. Според обвинителството, Мерко како градоначалник го оштетил општинскиот буџет спротивно на начелата на законитост и спротивно на јавниот интерес во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.

Мерко во предметот се гони за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Инаку за името на Рамиз Мерко, кој во три мандати управува со општина Струга, досега се врзуваа афери и обвинувања за корупција, но ниту една не доби судска завршница. Дел од нив, веќе и застареа.

Неговото име пред една година се најде и на американската црна листа.

Талибанците ги намалуваат платите на жените во Владата

Талибанците сериозно ги ограничија правата на жените откако ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година (фотоархива).
Талибанците сериозно ги ограничија правата на жените откако ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година (фотоархива).

Авганистанските власти ги намалија платите на жените вработени во Владата кои беа принудени да останат дома откако Талибанците ја презедоа власта, соопшти на 8 јули Министерството за финансии на Владата предводена од Талибанците.

Откако во 2021 ја соборија Владата поддржана од странските партнери, талибанската администрација им забрани на повеќето жени вработени во јавниот сектор да доаѓаат на работа во канцелариите, но продолжија да им даваат плата.

„На жените кои се дома и не одат во канцеларија, платите се 5.000 авгани (70 долари) месечно“, изјави за Франс прес портпаролот на Министерството за финансии, Ахмад Вали Хакмал.

Жените на кои им е дозволено да работат во одредени области, како што се владините болници или училиштата, пак, ќе продолжат да добиваат плата како и досега според нивната позиција.

Талибанскиот режим беше оценет како најрепресивен во светот за жените, според соопштението на мисијата на Обединетите нации објавено по повод одбележувањето на годинешниот Меѓународен ден на жената 8-ми март.

Судскиот совет ја отфрли иницијативата за одговорност во Академијата за судии и обвинители

Илустрација
Илустрација

Судскиот совет ја отфрли иницијативата за утврдување одговорност на членови на Управниот одбор (УО) на Академијата за судии и јавни обвините.

Иницијативата беше одбиена како ненавремена со девет гласа „за“ и два „против“.

Одговорноста за членовите на УО преку оваа иницијатива ја бараше Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) бидејќи сметаше дека со тоа што Академијата во текот на изборниот процес ја продолжила постапката за тестирање за прием на слушатели за идни судии и обвинители ги прекршила Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик.

Иницијативата беше испратена до повеќе институции кои се надлежни да предлагаат членови на Управниот одбор на Академијата, меѓу кои е и Судскиот совет.

На седницата на Советот одржана на 8 јули, членот Тања Чачарова-Илиевска, истакна дека Иницијативата на ДКСК не е навремено доставена.

„На 11.05.2024 истекува рокот на оваа одредба за ДКСК да иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи. Дописот со кој ДКСК ја иницира постапката е од 23.5.2024, односно 10 дена подоцна и е неблаговремнена. Ако одиме по одредбите на нашиот закон за утврдување на навременост на одредено барање, тогаш е ненавремено“, посочи Чачарова – Илиевска.

И да била навремена и да се отворела постапка, според членот Ивица Николовски, Судскиот совет не би можел да утврдува ваква одговорност.

„Ние никако не можеме мериторно да одлучуваме, туку тоа би било евентуално ако оваа Иницијатива е ненавремена, односно Советот смета дека е навремена, тогаш значи ќе отвори постапка. Постапка за одговорност на судии знаеме како изгледа и е предвидено во нашиот Закон. По овие укажувања од страна на овој орган, ние апсолутно не смееме да утврдиме одговорност, се знае на кој начин и во каква постапка се утврдува одговорност на судии“, рече на седницата Николовски.

За овој случај со закажувањето тестирање на кандидатите во текот на изборниот процес, се водеше постапка и пред Управниот суд.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, пак, тврдеше дека тие не се прекршени изборните правила бидејќи во случајот со постапката за тестирање не станува збор за вработувања.

Индискиот премиер Моди на средба со Путин во Русија

Моди и Путин на средба во Узбекистан, 2022 г.
Моди и Путин на средба во Узбекистан, 2022 г.

Индискиот премиер Нарендра Моди се очекува да се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин во Москва на 8 јули што е негова прва посета на Кремљ откако Путин нареди целосна инвазија на Украина пред повеќе од две години.

Моди, наводно, веќе пристигнал во Русија порано во текот на денот. Москва е неговата прва станица на тридневна турнеја во рамки на која ќе ја посети и Австрија.

На платформата Икс, индискиот премиер наведе дека „овие посети ќе бидат прекрасна можност за продлабочување на врските со овие нации“.

Кремљ соопшти дека разговорите ќе бидат на теми поврзани со „перспективите за понатамошниот развој на традиционално пријателските руско-индиски односи, како и актуелните прашања од меѓународната и регионалната агенда“.

Откако беа воведени санкции од Западот кон Русија, Индија се наметна како растечки трговски партнер на Москва, особено во набавката на руска нафта заедно со Кина.

За разлика од неговите западни партнери, Моди избегнува целосно да ја обвини Русија за инвазијата во Украина или да ги осуди постапките на Москва.

Наместо тоа, Њу Делхи ја истакнува својата желба за мирен крај на конфликтот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин и Моди ќе се сретнат „со слободна агенда“, тет-а-тет.

За посетата Ројтерс цитираше висок индиски функционер кој минатата недела изјави дека главните приоритети на Моди ќе бидат решавање на растечкиот трговски дисбаланс со Русија и продолжување на ослободувањето на индиските државјани кои навидум биле измамени да се борат за Русија во Украина.

update

Состанок на Советот за безбедност на ОН поради нападот на детската болница во Киев

Последници од рускиот напад врз Украина, 8 јули 2024 г.
Последници од рускиот напад врз Украина, 8 јули 2024 г.

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане во вторник (9 јули), поради рускиот напад врз Украина во кој беше погодела и главната детска болница во Киев, изјавија дипломати за Ројтерс.

На состанок на Советот за безбедност досега повикаа Обединетото Кралство, Франција, Еквадор, Словенија и САД.

„Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ги осудува руските напади“, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик.

Тој додаде дека Гутереш бил „шокиран“ од нападот врз детската болница и врз уште една медицинска установа.

„Ќе го прозвеме рускиот кукавички и развратен напад врз болницата“, напиша британската амбасадорка во ОН Барбара Вудворд во објавата на мрежата Икс.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили нападнале цели на одбранбената индустрија и воздушна база. Оттаму негираа дека целта биле цивили, иако руските напади убија илјадници цивили од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно побара состанок на Советот за безбедност на ОН и вети одмазда по „масивниот“ воздушен напад од Русија низ цела Украина во претпладневните часови на 8 јули, а во кој со крстосувачка ракета беше погодена и најголемата детска болница во земјата.

Хуманитарниот координатор на ОН и првиот дипломат на ЕУ веднаш ги осудија руските воздушни напади за кои украинските власти соопштија дека убиле најмалку 29 лица, а десетици други се повредени. Нападите оставија и непознат број жртви затрупани под урнатините на детската болница во Киев во Охматдит.

Претходно, Зеленски рече дека „повеќе од 40 проектили од различни типови“ биле насочени кон Киев, Дњепар и Криви Рих во централна Украина и Краматорск и Славјанск во источниот регион Доњецк.

Украинскиот претседател порача дека ќе иницира состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со бомбардирањето и побара Западот да даде „посилен одговор“.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко наведе 11 жртви. Тој за Ројтерс изјави дека тоа бил „еден од најлошите“ напади врз главниот град во 28-месечната војна од целосен обем.

Градската воена управа на Киев соопшти дека детската болница Охмадит е оштетена.

Видеото снимено од Радио Слободна Европа на местото покажа луѓе кои помагаат да се расчистат остатоците додека чад излегуваше од објектот.

Паѓање на ракетни остатоци е забележано и во многу други области околу главниот град.

Повеќекратните извештаи велат дека во нападите од 8 јули досега бројот на загинати низ целата земја е најмалку 10.

Зеленски, кој престојува во ненадејна посета на Варшава на 8 јули, рече дека „целиот свет мора да ја искористи сета своја решеност конечно да стави крај на руските напади“, додавајќи: „Убиството е она што го носи рускиот претседател Владимир Путин. Само заедно можеме да донесеме вистински мир и безбедност“.

Воздухопловните сили на Украина ја ставија целата земја во воздушна готовност претпладне на 8 јули поради сомнителна закана од балистички ракети и други воздушни напади, а воздушната одбрана потоа објави дека се бори да одбие руски ракетен напад на главниот град.

Експлозии одекнаа во Киев околу 10:30 часот по локално време додека градската воена управа и соопшти на јавноста дека воздушната тревога продолжува.

„Останете во засолништа додека не се вклучи алармот за воздушен напад!“

Народната тревога беше втора за неколку часа како одговор на движењата на руските авиони, соопшти украинската војска.

Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, преку Телеграм соопшти дека „гранатирањето на Украина дошло во време кога има најмногу луѓе на улиците“. Тој ги обвини „опседнатите руски терористи“.

Дневните напади врз градовите беа ретки, иако Русија ги засили воздушните бомбардирања на украинските населени центри и инфраструктурата во последните шест месеци.

Москва негираше дека цели на цивили во 28-месечната инвазија на целосен обем и покрај честите напади што ги погодија станбените згради, училиштата, па дури и болниците.

Украинските сили објавија дека собориле најмалку три крстаречки ракети во текот на ноќта.

Командантот на воздухопловните сили, генерал Микола Олешчук, преку Телеграм изјави дека проектилите биле насочени кон северозападните и централните региони Житомир и Черкаси.

Во североисточна Украина, градоначалникот на Харкив, Ихор Терехов, изјави дека две жени се хоспитализирани поради повреди откако руското гранатирање погоди три станбени згради таму.

Гувернерот на Харкив подоцна на 8 јули изјави дека во експлозија на мина во регионот загинале пет лица. Во борбите на теренот, украинскиот Генералштаб соопшти дека Русија ги продолжува офанзивите во регионот Харкив.

Прифатено обвинението против четири лица за убиствата на Вања и Панче

Спроведување на дел осомничените за убиствата на Вања и Панче во Основниот кривичен суд Скопје, 5 декември 2023 г.
Спроведување на дел осомничените за убиствата на Вања и Панче во Основниот кривичен суд Скопје, 5 декември 2023 г.

Основниот кривичен суд во Скопје го прифати обвинението против четири лица за случајот со убиствата на 14-годишната Вања и велешкиот фризер Панче Жежовски (74).

Наскоро се очекува да се закаже и првото судско рочиште.

„По разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое – Приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а Обвинителниот акт се одобрува во целост“, соопштија од Основниот кривичен суд на 8 јули.

Обвинението беше поднесено на 31 мај против три лица за по две кривични дела убиства и грабнување, како и против таткото на 14-годишното девојче, кој се гони за помагање го грабнувањето.

Првоосомничениот во случајот, Љупчо Палевски – Палчо, не беше опфатен со обвинението бидејќи тој првично избега во Турција од каде беше екстрадиран на 15 мај. За него и за уште едно лице, кое се сомничи дека му помогнало во бегството, истрагата продолжи.

Телата на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември беа пронајдени закопани во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Ле Пен и Орбан се обединија во Европскиот парламент

Виктор Орбан и Марин Ле Пен (фотоархива)
Виктор Орбан и Марин Ле Пен (фотоархива)

Еден ден откако претрпе пораз на парламентарните избори во Франција, екстремната десничарската партија Национален собир (РН) на Марин Ле Пен влегува во сојуз со партијата Фидез на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Европскиот парламент.

„Ќе формираме нова група со 84 парламентарци од 12 земји, создавајќи ја третата по големина група во Европскиот парламент. Ако сите се согласат, претседавачот ќе биде Французин“, изјави европратеникот Жан Пол Гаро од Националниот собир.

Портпаролот на Орбан, Золтан Ковач, на мрежата Икс објави дека „Патриотите за Европа продолжуваат да растат со приклучувањето на Националниот собир на Марин Ле Пен“.

Заедно со РН, новата група станува трета по големина сила во Европскиот парламент – зад конзервативната Европска народна партија (ЕПП) на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и зад пратеничката група на Социјалистите и демократите.

Објавата за обединувањето на Орбан и Ле Пен во ЕП дојде еден ден откако Националниот собир заврши на третото место на парламентарните избори во Франција иако анкетите и гласањето во првиот круг сугерираа дека екстремната десна е на пат да биде најголемата партија на француската политичка сцена.

На изборите, на прво место изби левичарскиот сојуз Нов народен фронт, но сепак не освои доволно за апсолутно мнозинство во парламентот.

Националниот собир на Ле Пен со приклучувањето во Патриоти за Европа во ЕП, е најголемата партија во оваа пратеничка група со 30 европратеници. Оваа партија имаше и финансиски и идеолошки врски со Русија, држава кон која Орбан сè уште е пријателски настроен.

Екстремно десничарските партии поминаа добро во неколку земји на изборите за Европскиот парламент пред еден месец. Националниот собир на Ле Пен го победи центристичкиот табор на францускиот претседател Емануел Макрон со таква разлика што шефот на државата беше принуден да распише предвремени избори.

Но, во законодавниот дом на ЕУ, екстремната десница останува поделена.

Досега најголемата фракција беа европските конзервативци и реформисти, доминирана од партијата Браќа на Италија на премиерката Џорџија Мелони, која во последниот период го ублажи својот евроскептицизам.

Другата главна група на екстремната десница беше групата „Идентитет и демократија“, над која Националниот собир ја имаше контролата и која заземаше повеќе анти-ЕУ ставови.

Партијата на унгарскиот премиер, Фидес, која ја напушти ЕПП во 2021 година непосредно пред да биде исфрлена, бараше сојузници во Европскиот парламент за да може да ги промовира своите националистички и популистички политики.

На 30 јуни Орбан го објави формирањето на групата Патриоти за Европа. Австриската крајнодесничарска Партија на слободата и центристичката АНО на поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш веднаш се потпишаа за приклучување кон неа.

Подоцна се приклучија уште пет други партии: холандскиот антиисламски лидер Герт Вилдерс од Партијата за слобода (ПВВ), португалската крајно десничарска партија Чега, шпанската Вокс, Данската народна партија и фламанската националистичка про-независна Влаамс Беланг.

Матео Салвини, кој ја предводи популистичката италијанска партија Лига, во понеделникот на Икс сигнализираше дека и тој се подготвува да се приклучи на групата, поздравувајќи го формирањето на Патриоти на Европа кое го оцени „одредница за промена на иднината на Европа“.

Меџити: Балансерот не се укинува, туку се унапредува во закон

Изет Меџити
Изет Меџити

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити коментирајќи ги најавите за укинување на балансерот нагласи дека тој не се укинува, туку, како што рече, се унапредува во закон за правична застапеност.

„Не се укинува балансерот, туку се унапредува и тоа ќе биде во својство на закон за правична застапеност. Така што, тоа ќе биде во интерес на мултикултурната и мултиетничка држава Северна Македонија“, рече Меџити, кој заедно министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и пратеникот Беким Сали денеска се сретна со претставниците на Здружението на пензионери на Чаир.

Тој потенцираше дека механизмот по 2001 година првично бил во функција на застапеност на помалите заедници, но последните години, како што рече, имал контраефект.

„Имавме многу случаи каде Македонец се пријавуваше кога требаше да се вработи како Албанец, Турчин, Влав или нешто друго или обратно на локално ниво. Значи, не беше во функција, туку беше во контрафункција“, рече Меџити.

Неодамна, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека укинувањето на балансерот ќе оди во фази, нагласувајќи дека со тоа ќе се стави крај првично да се биде од некој етникум, а потоа да се биде професионалец во некоја област и да се има квалитет и образование. Стручноста, додаде, ќе биде пред изборот на етничка припадност.

Тој посочи дека бројките во дигиталната алатка балансер веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година.

Според Рамковниот договор потпишан во Охрид во 2001 година, со кој се стави крај на конфликтот во Македонија меѓу припадниците на Ослободителната народна армија-ОНА и македонските вооружени сили, една од главните промени беше вработувањето по етнички клуч во јавната администрација.

Атал понуди оставка, Макрон не ја прифати

Францускиот претседател Емануел Макрон
Францускиот претседател Емануел Макрон

Претседателот на Франција, Емануел Макрон побара од премиерот Габриел Атал засега да остане на својата функција поради стабилноста на земјата, соопшти Елисејска палата.

Претходно, Атал пристигна во Елисејска палата за да поднесе оставка по вчерашните парламентарни избори на кои центристичкиот сојуз не успеа да го задржи мнозинството.

Атал најави дека доколку Макрон не ја прифати неговата оставка, ќе продолжи да ја извршува функцијата технички премиер, додека не се утврди неговиот наследник во договор со новото парламентарно мнозинство.

Тој е премиер на Франција од јануари годинава, по реконструкцијата на Владата и разрешувањето на Елизабет Борн од премиерската функција.

Според последните резултати на вонредните парламентарни избори во Франција, победник е левичарската алијанса Нов народен фронт и покрај тоа што очекувањата беа на првото место да заврши крајната десница на Ле Пен. Иако овие резултати се олеснување за многумина во Европа, ќе биде тешко да се формира функционална влада.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG