Достапни линкови

Октоберфест ги направи пресметките: Гостите помалку жедни од лани


За време на двете недели на Октоберфест, фестивалот го посетиле околу 6,3 милиони луѓе, речиси исто колку и минатата година, но за пијалак биле потрошени помалку пари.

На минхенскиот „Октоберфест“, најголемиот светски фестивал на пиво, што се затвори завчера, биле испиени 7 милиони литри пиво. Изгледа дека посетителите на фестивалот годинава „биле помалку жедни“, пренесе германската новинска агенција ДПА.

За време на двете недели на Октоберфест, фестивалот го посетиле околу 6,3 милиони луѓе, речиси исто колку и минатата година, но за пијалак биле потрошени помалку пари. Продадени се околу 7,3 милиони еднолитарски пакувања пиво, 200.000 помалку од лани, а посетителите изеле производи за кои биле употебено месо од 129 волови и 29 телиња, пренесе ДПА.

Директорот на фестивалот, Клеменс Баумгартнер го нарече годинашниот Октоберфест - „убав“.

„Имавме мирен Октоберфест, со опуштена и весела публика“, рече тој.

Полицијата пријави благ пад од еден отсто на бројот на незаконски дејствија. Исто така, имаше и помалку итни случаи поради прекумерно пиење алкохол: Лекарите направиле 600 интоксикации, 120 помалку од претходната година. Сепак, полицијата забележала рекорден број на оние кои возеле пијани, по посета на фестивалот. Полицајците запреле 775 пијани возачи, од кои 414 возеле електрични тротинети.

XS
SM
MD
LG