Во Австрија веќе нема бенефиции ако не знаете германски јазик
Австриското вртење кон десно кое се очекува да биде потврдено на изборите на 29 септември, веќе ги погодува имигрантите во Горна Австрија. Таму оние што не го знаат добро германскиот јазик ги губат придобивките. Една 63 годишна Србинка во градот Линц, ги загуби бенефициите за домување поради слабото знаење на германскиот јазик.