ЕУ за првпат дозволи употреба на производи од канабис во медицински цели, но само за пациенти кои страдаат од две ретки форми на детска епилепсија, пренесоа светските новински агенции.
Станува збор за Епидиолекс – лек добиен од канабис што содржи канабидиол, главна состојка во медицинската марихуана.
Терапијата е дозволена во два случаи на детска епилепсија – синдром на Ленокс Гасто и синдром на Дравет – кои се тешки за лекување и можат да предизвикаат до неколку напади на ден, пренесоа агенциите.
Употребата на лекот сега е дозволена во Велика Британија и во други европски земји, но се уште не е препорачана од британскиот Национален институт за здравство затоа што „нема докази за долгорочна ефикасност“.