Достапни линкови

Џафери - Нема злоупотреба со патните трошоци на пратениците


Двотретинското мнозинство за Законот за обвинителство останува неизвесно
please wait

No media source currently available

0:00 0:11:22 0:00

Двотретинското мнозинство за Законот за обвинителство останува неизвесно

Праксата на констатација дека е злоупотреба од страна на пратениците е веќе осуда. Секој кој што има дилема дека во нешто има злоупотреби има соодветна институција која треба тоа да го потврди, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Тој вели дека до него нема индиции дека има злоупотреби на патните трошоци од страна на пратениците.

Последните истражувања на јавното мислење, конкретно ова на Институтот за демократија, покажуваат дека 72 проценти од испитаните граѓани сметаат дека пратениците во Собранието секогаш ги застапуваат интересите на политичките партии, а околу 62 проценти од нив сметаат дека Владата има контрола врз Собранието. Имате можност да ги прокоментирате овие податоци, кои на некој начин, ако ги читаме, покажуваат дека граѓаните и немаат така висока доверба во законодавниот дом.

Изборниот модел е таков што на избори учествуваат политички партии кои се преставени преку изборните листи и во секој случај пратениците се бираат преку лиси на политичките партии и во тој контекст застапувањето на избирачите е преку поддршката на политичките партии. Била воспоставена пракса дека Собранието подолг период функционирало како институција која, условно кажано, била заткулисно поставена, во смисла, во комуникација со јавноста била во повлечена позиција по однос на извршната, односно на другите власти. И перцепцијата која што е створена преку две децении не може за еден мандат да се промени како таква.

Јас го ценам тоа како перцепција и секако придонесува и како претседател на Собранието и како парламентарен состав да укажуваме на она што е евентуално дефинирано како наша слабост и придонесува кон нашите напори односите со другите власти да ги уредуваме во соодветни процедури.

Претседателе, сепак искуството покажува дека многу важни законски решенија се носат на таканаречените лидерски средби. Дали сметате дека тие дополнително ја ослабнуваат улогата што ја има Собранието?

Имајќи ја предвид поставеноста на системот, значи политичките партии се претставени преку пратениците, не секогаш лидерите се пратеници и во тој контекст периодот на транзиција којшто предолго трае во нашата земја допринело определени политички теми да се одвиваат надвор од Собранието, односно во рамки на лидерски средби на кој би дале пас, односно би правеле отстапки од почетните позиции поставени со предлог законите. Во тој контекст се остава перцепцијата дека работите се одвиваат надвор од Собранието, но учеството на пратениците во тие преговори си ја задржуваат контролната функција, односно законодавната функција Собранието си ја задржува, но зад завеси, зад затворени врати, ако може така да се каже.

Еден од тие закони е и законот за јавното обвинителство и за тој пробаа да се договорот на лидерска средба. Вие најавивте дека седница за овој закон ќе закажете кога ќе има консензус меѓу партиите, но засега се чини дека тоа е невозможно. Дали сепак верувате дека ќе се обезбеди двотретинско мнозинство потребно за овој закон?

Законот се наоѓа во второ читање. Работата е на Комисија и се додека политичките партии изјавуваат дека имаат дополнителни напори за да изнајдат решение, нормално дека претседателот на Комисијата им дал простор и време за да може тие преговори по однос на амандманите да продолжат и доколку се усогласи другиот дел на амандманите, таа Комисија може да заврши во еден ден, колку што останало, за еден час и ако нема усогласеност може да заврши тој ден, но усогласеноста ќе се пренесе на пленарна седница што ќе се одрази на бројот на гласови, што значи неможноста да се обезбеди двотретинско мнозинство. Во смисла на Собранието јас немам никаква пречка доколку Комисијата заврши со вториот ден со договор или без договор да ја продолжам седницата во оној момент кога ќе го добијам извештајот од Комисијата, затоа што без извештајот од Комисијата јас немам услови за да продолжам со седницата.

Не може да се предвиди како ќе се одвива текот на дебатата, дали ќе има двотретинско мнозинство, не е исклучено дека нема да има.

Таа работа веќе не е работа на претседателот на Собранието да предвидува како ќе оди текот, текот ќе се гледа. Позициите на страните се спротивни и нема сигнал дека се приближуваат. Од друга страна, опозицијата најавува дека поднела предлог закон, тој предлог закон од опозицијата го поднела до преговарачката група на другата партија, а медиумите, јавноста се прашува кај е предлогот, зошто не се става во собранието. Што значи дека во Собранието нема конкретен предлог од опозицијата, но како размислување на опозицијата можно е да дале предлог закон до работната група на другата страна и тоа сега се третира како предлог на опозицијата, но во меѓупартиските преговори, а не во собраниските процедури.

Едно прашање во однос на злоупотребите на патните трошоци од страна на пратениците. Повторно гледаме некои податоци дека за само шест месеци одредени пратеници направиле патни трошоци поголеми од 10 илјади евра. Какви механизми за надзор и контрола вие како прв човек на Собранието користите за да го спречите овој тренд?

Праксата на констатација дека е злоупотреба од страна на пратениците е веќе осуда. Во постапките веќе не се работи за злоупотреба. Ако веќе констатирате дека има злоупотреба не би требало да го имате овој разговор со мене. Секој којшто има дилема дека во нешто има злоупотреби има соодветна институција која треба тоа да го потврди. Има државен завод за ревизија, има антикорупциска комисија има јавно обвинителство, коишто под сомнение некој конкретно со име, не може пратениците сега 120 сме ние, под констатација дека вршиме злоупотреба.

Претседателе прашањето повеќе ми беше дали до вас има некаква индиција, некакви сомневања?

Па нема индиција, затоа што според законот определен број на пратеници се изјаснија да користат стан во вредност на она што е пропишано со одлука на соодветна надлежна комисија во собранието. Во таа одлука и во тој закон за оние денови кога пратеникот седи овде, на крајот на неделата кога ќе оди дома во еден правец му следи патен трошок во еден правец за да оди дома. И на почетокот на следната недела кога ќе се врати во станот му следува патен трошок за враќање, значи за четири недели четири дена. Констатацијата дека тоа е злоупотреба е дека сега покрај станот си користи и патни трошоци. Не користат патни трошоци за секое потпишување за секое присуство на седница, затоа што имаат соодветен договор, регулиран со внатрешните процедури, низ која постапка и процедура го користат правото на стан.

Целото интервју со претседателот на Собранието, Талат Џафери, може да го погледнете на видео снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG