Достапни линкови

Фридом хаус: слободата на печатот под нови форми на притисок


Фридом хаус: Вучиќ, Орбан и Трамп ја гушат слободата на медиумите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Фридом хаус: Вучиќ, Орбан и Трамп ја гушат слободата на медиумите

Основното право за информирање преку независните медиуми е под напади, заклучува Фридом хаус во најновиот извештај во кој се додава: „Но, она што нејмногу изненадува е што нападите се почесто доаѓаат од оние кои треба да бидат најосновните бранители на слободата на печатот, избраните лидери во демократските земји“.

Во најновиот извештај на Фридом хаус „Слободата и печатот“ се оценува дека токму демократски избраните лидери прават експлицитни обиди да ги замолчат критичките медиумски гласови.

Ерозијата на слободата на медиумите, како што се наведува, е симптом, но и придонесувач за распаѓањето на другите демократски институции и принципи, факт што сам по себе е особено алармантен.

Според извештајот на Фридом хаус, се отвораат и нови форми на репресија и во отворените општества, а овој тренд е најакутен во Европа, досега најголемиот бастион на добро воспоставените слободи.

Притоа како примери се наведуваат владата на Виктор Орбан во Унгарија и администрацијата на Александар Вучиќ во Србија кои, како што се оценува, имаат голем успех во замолчувањето на критичкото новинарство, расчистувајќи го патот за популистичките сили.

Двајцата лидери ја консолидираа сопственоста на медиумите во рацете на нивните пријатели, обезбедувајќи тие да ја поддржуваат владата и да ги игнорираат нејзините противници.

Во Унгарија, процесот напредуваше најдалеку и скоро 80 насто од медиумите се во сопственост на владини сојузници.

Во извештајот на Фридом хаус се додава и тоа дека во последниве години, слободата на печатот дојде под невообичаен притисок во Соединетите држави, земја која важи за водечка демократска сила во светот.

Иако клучните новински организации остануваат силни и продолжуваат да продуцираат критичко известување за оние што се на власт, континуираното клеветење на претседателот Доналд Трамп сериозно ја влошува тековната ерозија на јавната доверба во главните медиуми.

Меѓу другите чекори, претседателот постојано се заканува дека ќе ги заостри законите за клевета и ќе им ги одземе лиценците на одредени радиодифузери.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG