Хан предложи почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија
Северна Македонија доби зелено светло од Европската Комисија за започнување на преговори за членство во ЕУ. Еврокомесарот Јоханес Хан ги презентираше достигнувањата на земјите од западен Балкан, а договорот во Преспа го наведе како светол пример кој треба да го следат и другите земји во регионот.