Достапни линкови

Тамара Тодевска со „Горда“ на Евровизија


Тамара Тодевска, претставничка на Евровизија 2019
Тамара Тодевска, претставничка на Евровизија 2019

Денеска почнува Евровизија, поточно првата полуфинална вечер во Тел Авив, Израел. Нашата претставничка, Тамара Тодевска настапува в четврток 17-та по ред. Песната се вика „Горда“ (Proud), со која таа сака да испрати порака секој да биде свој и да биде горд на себе.

„Целиот мој живот ми кажуваа дека не се однесувам женствено, дека не сум доволно добра, дека се движам и се однесувам како машко... Денес, кога ќе ја погледнам ќерка ми, сакам да има можност да расне во свет во кој никој нема да ѝ суди, нема да ѝ кажува како да се однесува, како да постапува или како да се движи. Сакам да знае дека не мора да ги следи правилата за да биде прифатена. Сакам да биде онаква каква што таа сака да биде и најважно, да биде горда на себе. Тоа е најмалку што можам да направам за неа. Затоа, на 16-ти мај, ќе пеам за мојата ќерка. Ќе пеам за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата“, напиша Тодевска на својата Фејсбук страна.

Музиката е на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров. Текстот е на Коста Петров и неговата сопруга Сања Поповска. Нејзини придружни вокали се Антонија Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

Најавено е дека холивудската ѕвезда со израелско потекло Гал Гадот која се прослави со улогата во „Wonder Woman“ ќе има „специјален перформанс“ на финалната вечер. Исто така. и светската музичка ѕвезда Мадона ќе настапи на финалната вечер со две песни.

XS
SM
MD
LG