Достапни линкови

Венецуела во хаос, Мадуро и Гваидо не се повлекуваат


Помпео: Русија го убедила Мадуро да не избега од Венецуела
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Помпео: Русија го убедила Мадуро да не избега од Венецуела

Оспорениот претседател на Венецуела Николадс Мадуро изјави дека не се повлекува по антивладините протести кои прераснаа во насилни судири. Американскиот државен секретар Мајк Помпео пак изјави дека Мадуро се решил да остане во земјата по барање од Москва.

Николас Мадуро, оценувајќи дека 30 април бил „интензивен ден“ изјави:

„Со вистината како меч, како штит, а ние се соочуваме со толку многу напади и толку многу лаги, благодарение на нив ние сме победници во секоја ситуација и ние ќе продолжиме да бидеме победници во секоја тешкотија со која ќе се соочиме од сега, во наредните месеци и години. Не се сомневам во тоа“.

Во истовреме, лидерот на опозицијата Хуан Гваидо, најавувајќи продолжување на акциите уште еднаш упати апел до војската:

„Ги повикувам вооружените сили да го продолжат својот марш во „Операцијата слобода“, во спасувањето на достоинството на нашиот народ, нашите семејства, ова е предизвик“.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека оспорениот венецуелски претседател Николас Мадуро бил подготвен да ја напушти земјата и да замине во егзил на Куба, но бил убеден од Русија да остане.

„Имаше авион на пистата ... Тој беше подготвен да замине, но Русите рекле дека треба да остане“, изјави Помпео на Си-Ен-Ен, додавајќи:

„Разбравме дека тој е подготвен да замине. Тој донесе одлука што бараме да ја направи подолго време, а потоа беше разубеден од таквата акција од Русите. Се надеваме дека тој ќе се преиспита и ќе врати на тој авион“.

Помпео додаде дека Вашингтон бил известен од високи претставници во владата на Венецуела дека ќе се предадат во случај на востание.

Тој ја повтори поддршката на Вашингтон за привремениот претседател Гваидо.

Насилствата се разгореа кога Гваидо ја повика војската да помогне да се собори Мадуро од претседателската функција.

Илјадници Венецуелци излегоа во главниот град Каракас за да го поддржат она што Гваидо го нарече „завршна фаза“ на кампањата за преземање на власта во оваа јужноамериканска земја, додека неговите поддржувачи се собраа пред воздухопловната база.

Владата на Мадуро ги осуди акциите на Гваидо како обид за државен удар и соопшти дека ја има поддршката на војската.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG