Достапни линкови

Црна дупка како од филмовите или Ајнштајн бил во право ?


Првата фотографија од црна дупка отвори многу прашања. Што е всушност црната дупка, дали е таква како што пресметале научниците, дали е како од филмовите, дали Ајнштајн бил во право, па дури и прашањето за човековото постоење.

Првата фотографија од црна дупка што ја видовме пред неколку дена предизвика огромно внимание на отворена сцена. Сме слушале за црни дупки, сме ги гледале во научно-фантастични филмови, сме читале за нив во книги... Но, што се всушност тие црни дупки? Колку се вистинити митовите за нив?

Научниците велат дека е монструозна, не само поради митовите за неа, туку и поради многу други нешта. Оваа што беше снимена со осум телескопи, а што настана благодарејќи на 29-годишната Кејти Буман, која го водела тимот кој работел на алгоритмот со чија помош настанала фотографијата, има пречник од 40 километри. Тоа е три пати повеќе од земјиниот. Се наоѓа на 500 милиони трилиони километри од нас. Но, ова не се единствените детали.

Според професорот Хаино Фалке, од холандскиот универзитет Радбод, кој го предложил овој експеримент, вели дека оваа дупка е откриена во галаксијата М87.

„Ова што го гледаме е поголемо од целиот наш сончев систем. Дупката е потешка за 6,5 милијарди пати од Сонцето и е една одјатешките црни дупки што постојат. Таа е пасолутно чудовиште. Таа е шампион на универзумот во тешка категорија меѓу црните дупки“, изјави професорот Фалке со боксерски речник.

На фотографијата, како што објави Би-Би-Си, јасно се гледа оген прстен кој што го објаснува и професорот Фалке, а кој ја обвиткува совршено кружната црна дупка. Тој огнен прстен се создал кога прегреаниот гас влегол во неа.

„Светлото од прстено е појако од она што го создаваат милијарда ѕвезди заедно и затоа толку јасно се гледа дури и од Земјата. Работ на црниот круг во центарот е местото на кое гасот влегува внатре. Таа дупка има толку голема гравитациска сила што ни светло не може да ѝ побегне“, се објаснува во специјализираното науќно списание „Астрофизикал џурнал летерс“.

Се отвора прашањето и за нашето постоење

Фотографијата го потврдува она што физичарите, но и холивудските режисери го замислувале, тврди д-р Зири Јунси од Универзитетскиот Колеџ во Лондон, објави Би-Би-Си.

„Иако се работи за релатино едноставни објекти, црните дупки отвораат разни комплексни прашања за вселената, но и за поимот „време“, а и за нашето постоење. Неверојатно е што фотографијата што ја гледаме е толку слична на нашите теоретски пресметки. За сега, изгледа дека Ајнштајн уште еднаш бил во право“, изјави д-р Јунси.

Се очекува ова откритие да им помогне на научниците околу овој мистериозен феномен, а ќе биде интересно и да се види што е различно кај црните дупки од она што очекуваат физичарите. Всушност, никој и не знае како се создава блескавиот прстен околу дупката, а уште поинтересно прашање е – Што се случува нештата кои ќе паднат или влезат во црната дупка?

Најважните факти и својства на црната дупка

Црна дупка е област во вселената од која ништо, па дури ни светлоста, не може да побегне.

Црните дупки, и покрај името, не се празни, туку содржат големо количество материја која е густо спакувана во мал простор, па поради тоа има и огромна гравитациска сила.

Црната дупка зад себе има вселенски простор односно област во вселената која се вика хоризонт на случувањата. Се смета дека тоа е точка од која нема враќање поради гравитациските сили на црната дупка.

Идеја стара 20 години

Идејата на професорот Фалке е стара повеќе од две децении. Откако после 20 годони успеал својата идеја од постдипломски студии да ја претстави како важна да биде финансирана, Евроспкиот истражувачки совет прифатил да биде финансиер, а на помош дошле и Американската национална научна фондација и надлежните агенции од источна Азија. Така се собрале пари за проектот вреден 46 милиони евра.

Според научниците, фотографијата од црната дупка ја оправдала инвестицијата.

„Мисијата е остварена. Беше тоа долго патување, но ова сакав да го видам со сопствени очи, да знам дека навистина постои“, вели Фалке.

Целиот проект го водел професорот Шепард Доелман, кој всушност ги вмрежил осумте телескопи без кои фотографијата немаше да постои.

XS
SM
MD
LG