Достапни линкови

Британија се поблиску до напуштање на ЕУ без договор


Брегзитот во ќор-сокак: парламентот нема алтернатива
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Брегзитот во ќор-сокак: парламентот нема алтернатива

Британија не е поблиску до решавање на хаосот околу нејзиното заминување од Европската унија откако парламентот не успеа да изгласа ниту една од четирите алтернативи на договорот што премиерката Тереза Меј го постигна со Брисел.

По бурната недела во која стратегијата на Меј по трет пат беше отфрлена од страна на законодавците, и покрај нејзината понуда за оставка, Брегзитот останува заглавен во конфузија.

Во обид да го пробијат ќор-сокакот, британските пратеници гласаа за четири алтернативни опции на Брегзитот во последен момент во врска со она што е најголема политичка промена на Обединетото Кралство од Втората светска војна.

Сите четири алтернативи не беа изгласани.

Опцијата што беше најблиску до добивање на мнозинство беше предлогот да се задржи Британија во царинска унија со ЕУ, која не помина само за три гласови.

Лидерот на опозицијата, Џереми Корбин, во врска со ова рече:

„Договорот на премиерката беше одбиен со многу големо мнозинство во три наврати. Ако е доволно добро за премиерката да има три шанси за нејзиниот договор, тогаш предлагам можеби Домот да има шанса повторно да ги разгледа опциите што ги имавме пред нас денес, во дебатата во среда“.

Министерот за Брегзит, Стивен Беркли, откако беа објавени резултатите, изјави дека во ваков случај Британија ќе ја напушти Европската унија на 12 април, без договор - сценарио кое е ноќна мора за многу меѓународни компании.

„Овој Дом континуирано го отфрла напуштањето без договор, како што го отфрла и ненапуштањето воопшто. Затоа, единствената опција е да се најде начин преку кој ќе се дозволи Велика Британија да замине со договор. Владата продолжува да верува дека најдобриот чекор за акција е тоа да се направи што е можно поскоро. Ако Домот се согласи со договорот оваа недела, сепак може да биде можно да се избегне одржување европски парламентарни избори“.

Стивен Беркли навести дека премиерката Мејможе да го стави нејзиниот договор со Унијата на уште едно четврто гласање во текот на оваа недела, со надеж дека ќе обезбеди уреден излез пред одржувањето на европските избори на 23-ти - непредвидлива компликација што британската влада сака да ја избегне.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG