Оние кои доаѓаат да уживаат во топлите води, истовремено фрлаат и секакви отпадоци, како долен веш, чорапи, пешкири, пластика, конзерви, стари кондури. Во некои други средини, каде живеат посовесни граѓани и каде има одговорна власт, освен за уживање потенцијалот на убавата природа можеби ќе го искористат и за некаков развој на туризмот. На патот до ова место се отвора поглед на околните катлановски населби по течението на реката Пчиња и на врвовите на планината Шара.