Достапни линкови

Депонии околу топлите катлановски минерални води

На само неколку метри од Катлановската бања со термални минерални извори на вода, постојат помали изворчиња со топли води во кои секој може слободно да ужива. Но, ова место е меѓу бројните природни убавини во земјава кои нејзините „граѓани“ ги претвораат во депонии.

Оние кои доаѓаат да уживаат во топлите води, истовремено фрлаат и секакви отпадоци, како долен веш, чорапи, пешкири, пластика, конзерви, стари кондури. Во некои други средини, каде живеат посовесни граѓани и каде има одговорна власт, освен за уживање потенцијалот на убавата природа можеби ќе го искористат и за некаков развој на туризмот. На патот до ова место се отвора поглед на околните катлановски населби по течението на реката Пчиња и на врвовите на планината Шара.


Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG