Избегната блокада на владата, Трамп најави вонредна состојба
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да прогласи национална вонредна состојба со цел да биде финансиран неговиот контроверзен ѕид меѓу САД и Мексико. Ваквиот потег ги вознемири американските законодавци кои во меѓувреме усвоија закон со кој се спречува делумното затворање на владата.