Маратонско создавање видео игри по седми пат во Македонија
Во Скопје и Битола викендов се одржа маратонско 48 часовно создавање видео игри. Мотивирани учесници седма година по ред се дел од најголемиот светски настан за креирање игри - Глобал Гејм Џем. Лани Македонија беше на 5-то место во светот по бројот на игри создадени по глава на жител на овој настан.