Мицкоски: „Заев тргува со националните интереси“
Јас сум против промена на името, не затоа што сум против ЕУ, туку затоа што си ја сакам Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред Собранието на Македонија. Тој вели дека Договорот за името е штетен и дека како партија ќе сторат сè што е во нивна моќ, тој Договор да не се случи.