Заев: Не планирам реконструкција на владата
Премиерот Зоран Заев засега не планира реконструкција на Владата. Оптимист е дека на седницата на 9-ти јануари за уставните измени ќе има двотретинско мнозинство, а уверува и оти нема да биде донесен закон за пратенички бенифиции. Заев повтори дека нема да се кандидира за претседател на државата.