Достапни линкови

Тешки денови за Тереза Меј


Британскиот парламент пред клучно гласање за Брегзитот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Британскиот парламент пред клучно гласање за Брегзитот

Британската премиерка Тереза Мај се соочува со напорна работа да ги убеди пратениците во Парламентот во нејзиниот и онака оспорен планза излез на Британија од Европската унија.

Ова е стартот на тешките неколку дена за Тереза Меј, која се соочува со напорна задача да го увери парламентот дека нејзиниот договор за Брегзитот е најдобриот договор за заминувањето на Британија од Европската унија.

Британската премиерка за таа цел има неколку денови, односно до таканареченото „значајно гласање“ на 11 декември.

Но, Меј веќе почна да се соочува со жестока критика не само од нејзината партија, туку и од поддржувачите на Брегзитот, како и од неговите противници.

Процедурата не започна добро.

Пратениците и забележаа на владата дека не го почитувапарламентот, бидејќи не го објавила целосниот правен совет за Брегзитот.

Конзервативниот пратеник Боб Сили изјави:

„Неумесно е владата да не го почитува парламентот Дали таа ќе се согласи дека ќе биде полошо за парламентот да биде непочитуван од британскиот народ што ќе се случи ако не го испорачаме Брегзитот“.

Од друга страна, главниот правен советник на Европската унија отвори нов фронт во битката, наведувајќи дека Британија има моќ да го запре целиот процес на излегување од Унијата и оти на Тереза Меј не и треба објаснување од ЕУ за да го укине членот 50.

Тоа пак, е музика за ушите на активистите кои се борат Британија да остане во Унијата.

Сепак, за сега, Меј е под голем притисок.

Наведувајќи дека е должност на политичарите да го испорачаат резултатот од референдумот во 2016 година таа рече:

„Што би рекле за состојбата на нашата демократија ако треба да се повтори најголемото гласање во нашата историја, бидејќи на мнозинството во овој дом не му се допадна исходот?“

Ако Меј ги надмине тешкотиите и победи на гласањето во парламентот Британија ќе ја напушти Европската унија на 29-ти март под условите заверени од Брисел.

Со тоа ќе се означи нејзиното најголемо трговско и надворешно политичко поместување во изминативе над 40 години.

Британската премиерка ги предупреди пратениците дека ако не успеат да ја поддржат, тогаш Британија би се соочила со опасност да се најде во економски хаос.

Наредните неколку денови ќе ја покажат моќта на опозицијата во Британија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG