Трамп сака разговори со Кина и Русија за разоружување
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи разговори со лидерите на Кина и на Русија за да ја спречи, како што наведе, неконтролираната трка во вооружување. Изјавата на Трамп уследи по неговата најава во октомври годинава за повлекување од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел, постигнат со Русија за време на Студената војна.