Заев: Помирување до црвените линии
Премиерот Зоран Заев по средбата со собраниското тело за помирување порача дека волја и желба за помирување има. Според него, не може сите учесници на настаните во 27 април да бидат обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок. За уставните измени Заев рече дека верува оти многу пратеници ќе ги поддржат.