Достапни линкови

Буџетот за здравство - Утопистички или реален?


Министерот за здравство Венко Филипче
Министерот за здравство Венко Филипче

Во буџетот има пари само за зголемување на платите на здравствените работници, вели поранешниот министер Арбен Таравари. Министерот Филипче најави повеќе стратегиски цел за наредната година - медицинска опрема, подобрување на инфраструктурата, завршување на капиталните проекти и почнување нови.

Буџетот за здравство за оваа година изнесува околу 6,0 милијарди денари. Буџетот за здравството за наредната година ќе изнесува 6,3 милијарди денари. Тоа е за 300 милиони денари повеќе од парите што се издвојувале за здравството оваа година. Визијата на Министерството за здравство е со овие пари идната година да го подигне квалитетот на здравствената заштита и да го подобри пристапот до неа за сите граѓани. Министерот Венко Филепче изјави дека стратегиска цел за наредната година се набавка на инсулинот, вакцини и лекови за ретки болести, медицинска опрема, подобрување на инфраструктурата, завршување на капиталните проекти и почнување на припремните работи за новиот Клинички центар во Скопје и новата градска болница во Општина Аеродром.

Коментирајќи го новиот буџет дел од здравствените работници велат дека охрабрувачко е секое зголемување на парите што ќе се издвојуваат за здравствениот систем. Тоа, според нив, зборува дека на здравството му се дава поголемо значање, но дополнуваат дека наведените стратегиски цели кои убаво звучат треба и да се реализираат. Според нив, проблем е што секоја година во здравството се најавуваат капитални проекти и нови лекови, но од тоа ништо не се остварува.

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој е и претходникот на новиот министер за здравство вели дека со оглед на реалните состојби во здравството зголемувањето од 300 милиони евра не претствува значително сума. Од тоа што е предвидено да се оствари тој очекува дека реално ќе има само зголемување на платите на здравствените работници за 5 и за 10 проценти.

Тоа што го слушнав министерот ми изгледа преамбициозно со парите што ги има и со тоа што сака да направи. Практично со оваа сума на пари јас мислам дека тој само ќе може покачувањето на плати да биде поинаку од други години. По други ставки што ги гледам, партиципација по осигурени лица, превенција на кардиоваскуларни болести, едукација на лекари активна здравствена заштита на мајки и деца, не гледам битна разлика од оваа година. Во 2019 година практично е планирано речиси иста сума на пари што биле потреошени и за 2018“ вели Таравари.

Министерот најави дека ќе продолжи зголемувањето на платите и тоа за 10 отсто за лекарите специјалисти и 5 отсто за медицинските сести во јануари годинава. Останатите здравствени работници зголемување од 5 отсто ќе добијат од септември наредната година. Таравари коментира дека зголмувањето е диксриминарачко затоа што најголемо покачување има за лекарите.

Според него, за успешно функционирање на здравениот систем се потребни повеќе пари и изградба на нови објекти, внесување повеќе лекови на позитивната листа, нови лекови за ретки болести.

Во врска со дел од ставките во кое се наведува дека ќе се направат подобрувања в онабавка на опрема и дека во буџетот се предвидени 73 милиони денари кредитни сретства од италијанската влада за опрема на јавно здравствените установи, Таравари вели:

"Нема година во буџет да нема планирано за нови апарати Тоа се апарати кои се амортизираат. Мислам дека поранешните години повеќе пари се трошеа за набавка на апаратите. Ние очекуваме визија, нови планови, нови лекови тоа го чекаат граѓаните тоа го бараат од здравството" вели Таравари.

Во врска со тоа што министерот најави започнување капитални прокти, реконструкција и завршување на доизградба нa болници, и почнување на припремни работи за новиот клинички центар и нова градска болница во Аеродром Таравари вели дека не му е јасно како тоа ќе се оствари.

„ Буџетот ми изледа упопстички, секоја година се најавуваат големи работи и не се раелизираат. Јас сакам како лекар тоа уште повеќе да се реализира, но многу е амбицозен министерот со парите што ги има“ изјави Таравари.

Како што беше најавено од министерството за здравство, еден од приоритетите за идната година е и набавката на лекови за ретки болести. Весна Алексовска претседател на Здружението на лица со ретки болести "Живот со предизвици" има впечаток дека состојбата со парите планирани за нив не е променета. Тие укажуваат дека за успех во справувањето со ретките болести важно е да се донесат квалитетни леков,и посочувајќи искуства од оваа година кога бил набавен поефтин лек.

Од она што го видовме како рекламен материјал за наредната година видовме дека е всушност истото од 2018 година. Во 2018 година, буџетот кој беше потрошен з а тендерот за ретки болести изнесуваше исто на таа сума, 5 ипол милини евра беа во прашање. Лековите кои ги најавија какао нови за полиневропатија, пластична анемија и з а болеста на Гоше веќе ги набавија оваа година во 2018, иако лекот за Гоше што беше набавен е набавен зашто беше поефтин а не затоа што се воведува нова терапија. Ние бараме орална терапија која ни беше ветена уште во февруари и се уште не е дадена "вели Алексовска.

Со оваа терапија ќе се заштеди на болнички трошици и пациентите нема да патуваат секој ден дополнува Алексовска.

Еден од нејзините заклучоци е дека има потреба од транспарентен и посеопфатен здравствен систем за проценување на вредноста на инвестициите во здравствената заштита и за утврдување на реалните состојби во целост.

„Незнам дали ќе им стигне овој буџетот на министерство за да ги покријат сите пациенти со оглед дека има нови пациенти кои се регистрирани и нови лекови и тие треба да се планираат. Незнам какви се пресметките и како се трошат и кака с е планираат. Ни треба да има поголема транспарентност, гледам дека во програмата бројката е 120 поциенти со ретки болести, а има нови пациенти кои не се внесени“ вели Алекосова.

Зравствените власти постојано нагласуваат дека ресорот здравство е чувствителен и дека бара големи вложувања и со самото тоа е големо оптоварување за буџетот.Според нив за да се остварат ефектите од вложувањата во здравствениот систем е потребно време и оти да се донесуваат одлуки и проекции врз база на краткорочни ефекти не е добро .

Со новиот буџет во план ,меѓу другото, е и ангажирање странски хирурзи, кои ќе работат и врз едукација на ретки болести, а во Програмата за превенција на кардиолошки заболувања се предвидени 33,7 милиони денари за ангажирање странски хирурзи

Во буџетот се предвидени средства од 380 милиони денари за лекови за 20 ретки болести. Зголемување на буџетот има и за средствата за имунизација и тоа од висина од 30 отсто, а планирана е набавка на нови вакцини за пнеумокок и рота вирус.

Според најавите, ќе се проширува и програмата за ослободување од партиципација.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG