Претседателот Трамп оцени дека конвојот со мигранти претставува потенцијална опасност по националната безбедност на Соединетитите држави, односно дека таму имало и мигранти од Блискиот Исток.
„Дали знаете како започна караванот? Дали сите знаат? Мислам дека демократите имаа врска со тоа. Сега тие велат, мислам дека направивме голема грешка. Луѓето гледаат колку е лошо. Колку е патетично. Тие направија голема грешка. И изгледа, тоа е напад врз нашата земја. Тоа е напад“.
Во карванот има околу 10.000 луѓе бегаат од насилствата и сиромаштија во нивните земји.
Тие сега се на околу 1.800 километри од границата на САД.
Една од мигрантките Тања Родригрез од Хондурас вели:
„Ние планираме да одиме напред и да не го запреме овој марш. Ние нема да го запреме овој марш, бидејќи ако Бог ги отвори овие врати, тогаш можеме да им дадеме подобар живот на нашите деца, бидејќи во Хондурас жените постари од 30 или 40 години не можат да добијат работа“.
Мисаел Веласкез од Никаргва пак наведува дека маршот бил многу напорен:
„Решивме да се одмориме малку, бидејќи не можеме да се тркаме до крај и бидејќи има бремени жени, деца, дури и некои од само неколку месеци“.
Мексико се надева дека ќе го растера конвојот пред да може да стигне до границата.
Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нето изјави дека оние кои не ги следат правилата, веројатно нема да можат да останат во Мексико или да стигнат до САД.
„За оние кои се решија да бидат во овој нелегален караван, со почит ги повикувам, имајте предвид дека со одржувањето на оваа позиција, ќе биде многу тешко да ја достигнете вашата цел било да влезете во САД, било да останете во Мексико“.
Мексиканските власти бараат од мигрантите да им се пријават за да поднесат барања за азил во Мексико.
Тој процес може да трае со недели, а мигрантите треба да останат таму каде што се регистрирани се додека не бидат обработени нивните податоци.
Ако ги прекршат тие правила, тие се соочуваат со депортација.