Можни ли се предвремени избори во Грција по оставката на Коѕијас?
Грчкиот премиер Алексис Ципрас го одбра коалицискиот партнер, министерот за одбрана Панос Каменос наместо шефот на дипломатијата Никос Коѕијас за да ја спаси владата. Ова се дел од коментарите во грчките медиуми по оставката на Коѕијас. Некои опозициски партии пак оценуваат дека ова е почеток на крајот на владата на Ципарас.