Достапни линкови

Уставните амандмани влегуваат во Собранието


Собрание на Република Македонија
Собрание на Република Македонија

Владата вечерва ја почна процедурата за уставните измени поврзани со Договорот од Преспа. Измените чиј предлагач е Владата влегуваат во Собранието, каде што се уште е нејасно дали е обезбедено потребното двотретинско мнозинство.

Владата до Собранието го достави предлогот за пристапување кон уставните измени поврзани со Договорот од Преспа. По вонредната владина седница со само таа точка на дневниот ред, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски информираше дека се работи за четири измени во Уставот.

Прво се додава придавката "Северна" пред Република Македонија, второ се менува преамбулата во која ќе се именуваат конкретни документи на АСНОМ, трето во делот за границата ќе се дeкларира “почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”, информираше Бошњаковски.

Тој појасни и декаво делот за Македонците и дијаспората во странство ќе се декларира “грижа за културните, економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ и сите наши граѓани во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи, во каква било форма и заради било каква причина”.

Владата предложи четири измени на Уставот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:27 0:00

Сепак владиниот портпарол не прецизираше дали веќе обезбедиле двотретинско мнозинство во Собранието кое е потребно за уставни измени туку рече дека тие како Влада го почнале процесот.

“Очекуваме дека пратениците во Собранието ќе го следат гласот на народот, тоа што граѓаните го одлучија на 30 септември, тоа што ние денес го започнуваме како процес, тоа што е стратегиски интерес на Република Македонија, зачленување во Европската унија и во НАТО, документот оди во Собранието и очекуваме дека веќе од утре пратениците ќе почнат со работа и ќе се изјаснат” рече Бошњаковски.

Ваквиот владин предлог доаѓа во период во кој не се знае дали и колку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат уставните измени. Во јавноста постојат гласини за преговори со пратеници од опозицијата и дека дел од нив биле спремни да гласаат, но никој официјално не го потврдува тоа.

Ниту потпретседателската на Собранието и пратеничка од СДСМ Фросина Ременски која одржа прес конференција по Бошњаковски не кажа дали имаа обезбедено двотретинско мнозинство туку ги повика сите пратеници да гласале.

Не можам експлицитно да одговорам дали го имаме потребното мнозинство, но фактот дека се пристапува кон измени на Уставот значи потенцирање на одговорноста на пратениците да пристапат кон почитување на волјата на мнозинството кои гласаа на референдумот. Не сметам дека Собранието треба да пристапува кон организирање на тајни гласања, бидејќи сите треба да застанеме пред сопствената одговорност за тоа каква иднина сакаме“,рече Ременски

Викендов претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не даде конкретен одговор на прашањето за шпекулациите дека власта се обидува да убеди пратеници од неговата партија да гласаат за уставните измени.

Мицкоски рече дека самиот факт што во јавноста имало сомнеж дека некој тргувал со правдата и правото говорело дека во оваа држава ниту имало правда, ниту имало правдина.

“Не би коментирал понатаму”, рече Мицкоски одговорајќи на прашањето.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG