Прес конференција на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски со оценка на референдумот за промена на името
Грчко МНР - Грција ги почитува одлуките на граѓаните на соседната земја
Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но Грција го почитува изборот на граѓаните од соседната земја, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на резултатите од референдумот, кои ги коментираат како контрадикторни. Во соопштението од грчкото МНР, објавено нешто повеќе од час и половина по завршувањето на гласањето велат дека „Грција одблиску, но со соодветна дистанца, ги следи случувањата“, а исто така, „останува обврзана кон Договорот од Преспа“, јави дописничката на МИА од Атина.
Хан - Со значајното „да“ има широка поддршка за Преспанскиот договор
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оцени дека гласовите „за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа.
Референдумот за власта успешен, за опозицијата дебакл
Околу една третина од регистрираните гласачи гласаа на референдумот за промена на името и за членство во ЕУ и НАТО. Премиерот Зоран Заев рече дека огромното мнозинство граѓани кои гласаа го избрале европскиот пат за Македонија. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека референдумот е неуспешен.