Во општина Битола и пелагониските општини Новаци, Могила и Демир Хисар гласањето тече без проблеми. Од Општинските изборни комисии изјавија дека утрово сите гласачки места на време беа отворени и до сега не се забележани никакви проблеми.
Сите 167 избирачки места во Општина Куманово се отворени на време.
Според Звонимир Николовски и Драган Јовановски, претседатели на ОИК во Куманово и Старо Нагоричане, изминатите два часа од почетокот на гласањето не се регистрирани никакви нерегуларности.
Граѓаните кои веќе гласаа, велат дека нема никакви проблеми и оти гласањето се одвива вообичаено, како и на избори.
Прва прес конференција на ДИК
Гласањето се одвива мирно и без неправилности
Одзивот, до 9 часот, е 2,45%
Правила за гласање
Избирачот може само еднаш да гласа. Гласањето се врши тајно, зад параван, а заокружувањето треба да биде со сино пенкало. Забрането е фотографирање и снимање на избирачкиот материјал и на избирачите додека гласаат. Гласање за друго лице е забрането, може само да му се помогне на избирач кој има физички недостаток или е неписмен.