Не би било коректно да кажам дека нема предизвици во образованието, а дел од проблемите со кои се сочуваме подолг период како држава се и од финансиски карактер, вели министерот за образование и наука Арбer Адеми, коментирајќи ги проблемите кои го одбележаа почетокот на училишната година.
Тој посочува дека во моментот никаде нема проблеми освен тоа дека е одложена наставата во училиштето Гоце Делчев во општината Центар во Скопје, поради доцнење на градежни активнoсти. На прашaње дали дел од проблемите можеле да се одбегнат со навремено реагиарње за да не трпат учениците порaди административни проблеми или објаснувања дека нема пари, Адеми рече дека секогаш постојат проблеми, но оти Министерство е фокусирано да најде решение.
„Не би било коректно ако кажам дека сè е перфектно. И оваа година како и во минатото се соочуваме со одредени предизвици и дел од нив се поврзани со промените кои треба да се реализираат, со оглед дека образованието е систем кој перманентно треба да се надградува со новини, а исто има и предизвици со кои се соочуваме веќе подолг период како држава и институција па дел од тие предизвици се од финансиски каракатер“, изјави министерот Арбер Адеми, кој е гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа
Свесни сме дека во две училишта првиот ден од учебната година не започна, дополни Адеми кој посочи дека се работи за село Боговиње, каде се преземаат мерки опожарен објект да се врати во првобитна состојба, а оти во училиште во Центар не почнала годината затоа што градежните работи не успеале да се финализираат во време на летниот распуст.
„Секогаш постојат предизвици, но ние во МОН сме фокусирани да најдеме решение“, рече Адеми.
До неговиот коментар доаѓа откако новата учебна година почна со стари проблеми. Ненавремена реконструкција на училиште во центарот во Скопје и одложување на учебната година, во Битола половина училишта немаа електрична енергија поради неплаќање, во Гостивар нема кадар и пари за превоз на ученици, а има и други проблеми - се уште има училишта кои немаат санитарни јазли, основни наставни помагала како печатачи или проектор, или немаат библиотека.
Ова предизвика разочараност и кај дел од учениците и професорите кои велат дека на проблемите треба порано да се мисли и оти цело лето знаеле дека има или нема пари.
„Проблемите се провлекуваат во континуитет со години наназад. Во голем дел од училиштата има недосредени работи во делот на реновирање, неисплатени сметки за струја, дрва, огрев, а голем дел ќе се соочат со недостиг на кадар и проблемите се сè подлабоки“, вели Влaдо Димовски од Центарот за меѓуетничко образование.
Со години локалната и централната влaст си ја префрлаат одговорноста за проблемите кои се појавуваат во образованието.
Во врска со проблемите во Битола каде во половина од училиштата нема електрична енергија, министерот Адеми рече дека пред почетокот на учебната година тие се надминати. Тој посочи дека ЕВН имале разбирање за проблемот, а оти во Владата е формирана работна група за да се изнајде решение за подмирување на долговите како и да не се генерираат нови долгови во иднина.
Неплатените сметки и долгови на училиштето и училници кои остануваат незагреани во текот на зимските месеци се само дел од секојдневието со години наназад на дел од наставниците и учениците кои поминуваат по една четвртина или третина од денот во тие објекти
Упатените велат дека институциите не требаше и оваа задача како и повеќето други, особено со реконструкцијата на училишните згради, да ги остават за последните денови од летниот распуст, непосредно пред враќањето на учениците во училишните клупи.
Инаку министерот Адеми посочи дека годината ја одбележале и позитивни новини со тоа што се корегирани од небулозните грешки 22 учебника, а стави акцент и на тоа дека од 1-во до 3-то одделние за учениците ќе има нови учебници по сите наставни предмети.