Дали турските инвестиции на Балканот се под удар на кризата?
Падот на вредноста на турската валута предизвика загриженост во земјите на Западен Балкан за инвестициите на Турција во регионот. Аналитичарите велат дека финансиските превирања во Турција можат да ги забават идните турски инвестиции во Србија, Босна, Македонија, Албанија и Косово, каде што Анкара се залага да има влијание, како економско, така и политичко, заедно со Европската унија, Кина и Русија.