Во ЕУ за да бидеме европски шампиони
Албанија и Македонија делат заедничка цел, отпочнување на преговорите со ЕУ во 2019 година. Нашиот западен сосед отиде чекор подалеку со членството во НАТО, но двете земји сега, според нашите соговорници во Тирана, може да си помогнат на патот кон ЕУ, преку регионални проекти и разменување на искуства.