Ердоган: бизнисмените да не ги повлекуваат девизите од банките
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги предупреди бизнисмените дека ќе преземе драстични мерки ако нивните компании ги повлечат странските валути од банките во екот на кризата предизвикана од падот на турската лира. Тој претходно ги повика Турците да ги продадат доларите и еврата за да ја поддржат лирата.