Тврдам дека бројката на гласачи во Избирачкиот список е реална, а целата забуна во изминатите години настана веројатно од некои други политички причини. Работа на ДИК е да не ја мешаме политиката, затоа што водењето на Избирачкиот список е статистичка операција, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.