Трамп: син ми барал од Русите информации за Клинтон
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата призна дека неговиот син се сретнал со Руси во 2016 година во Трамп кулата за да добие информации за неговиот противкандидат Хилари Клинтон. Според Трамп, станува збор за „целосно легална практика која се прави постојано во политиката“.