Достапни линкови

Десетици загинати во шумски пожари кај Атина


Над 50 луѓе загинале во пожарите во близина на Атина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Над 50 луѓе загинале во пожарите во близина на Атина

Најмалку 50 лица загинаа, а повеќе од 100, вклучувајќи и 16 деца биле повредени откако шумски пожар зафати мало туристичко гратче во источна Грција. Повеќето од жртвите биле заробени од пламенот додека се обидувале да избегаат. Се страхува дека бројот на загинатите би моќело да биде поголем.

Пожарот во селото Мати, на околу 29 километри источно од Атина, беше еден од најсмртоносните во Грција, по пожарите што во август 2007 година го уништија јужниот полуостров Пелопонез при што загинаа десетици луѓе.

Пожарот во понеделникот беше еден од неколкуте што избувнаа поради топлотниот бран што ја зафати Грција.

Мати е во регионот Рафина, и епопуларен кај локалните туристи, особено пензионерите и децата сместени во кампови.

Селото беше уништено од брзиот пожар што започна околу 5 часот попладне и многу бргу почнал да се шири при што некои немале ни време да избегаат од нивните автомобили на пат кон безбедните морски плажи.

Костас Лаганос, еден од неколкуте жители на Мати се спасил во морето

„За среќа, морето беше тука и отидовме во морето, бидејќи огнот нѐ бркаше до водата. Ни гореше на грбовите и влеговме во водата. Тоа ме потсети на ерупцијата во Помпеја, токму тоа и си го реков мој Боже мора да трчаме за да се спасиме и ништо друго. Грозно“.

Нана Лаганос пак вели:

„Огнот беше брз како молња. Не сфативме што се случило. За прв пат сум видела нешто вакво. Но, успеавме, бевме како рој пчели во морето, сите стојат еден до друг. Би сакала да видам некоја реакција од државата, но нема и тоа ме налути“.

Јанис Какоулис пак заклучува:

„Што можам да кажам? Готово е. Ние сме живи и тоа е она што е важно“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина наведувајќи дека бил информиран за тешката ситуација во атинската област Атика.

По итниот состанок тој изјави дека Грција побарала помош од Европската унија.

Ципрас исто така изрази загриженост поради паралелното избувнување на шумските пожари.

Претходно заменик министерот за внатрешни работи Никос Тоскас ја навести можноста дека пожарите биле подметнати.

Пожарникарите велат дека луѓето не ги послушале нивните повици да ги напуштат загрозените места.

Властите соопштија дека биле запалени најмалку 100 домови, како и повеќе од 200 возила.

Во понеделникот, можеше да се види како густ чад од шумските пожари го прикрива Акропол.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG