Достапни линкови

Зошто Трамп му верува на Путин?


По средбата со Путин, многу критики врз Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

По средбата со Путин, многу критики врз Трамп

Соочен со остри критики во својата земја поради одбивањето јавно да ја обвини Русија за мешање во американските избори по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки, американскиот претседател Доналд Трамп на твитер напиша дека двете супер сили „мора да се согласуваат“. Путин пак изјави дека средбата со Трамп е почеток на крајот на американските санкции.

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето негирање дека имало дослух во врска со мешањето на Русија во изборите во САД во 2016 година.

Тој во интервју за Фокс Њуз, по средбата во Хелсинки со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека одбивањето на Путин било „исклучително силно и моќно“.

„Па, пред сè, тој рече дека нема никаков дослух. Претпоставувам дека тој го рече тоа толку силно колку што може да се каже. Тие немаат информации за Трамп“.

Претходно во пораката испратена од претседателскиот авион Трамп напиша дека има огромна доверба во американската разузнавачка служба, но оти „Русија и САД како две најголеми светски нуклеарни сили мора да се согласуваат за градење на подобра иднина“.

До ова дојде откако демократите, но и голем број републиканци го критикуваа Трамп за тоа што во Хелсинки не го осуди руското мешање во американските избори.

Лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер, ги повика своите републикански колеги да застанат против Трамп

„Едно застрашувачко прашање сега виси над Белата куќа - што можело да го предизвика претседателот Трамп да ги стави интересите на Русија над оние на САД? Милиони Американци ќе продолжат да се прашуваат. Единственото можно објаснување за ова опасно однесување е можноста претседателот Путин да има штетни информации за претседателот Трамп “.

Во првата реакција по Хелсинки, Путин изјави дека Трамп е „компетентен човек“ и „интересен соговорник“.

„Трамп ги познава работите, слуша и прима до знаење аргументи“. „Сите мислат дека тој е само бизнисмен. Јас не мислам дека тоа е точно, бидејќи тој е веќе политичар“, додаде Путин.

Тој за Фокс Њуз уште еднаш ги негира наводите за руско мешање.

„Јас не сум заинтересиран за ова прашање, воопшто. Тоа се внатрешни политички игри на САД. Не правете врска меѓу Русија и САД“.

Путин притоа оцени дека самитот во Хелсинки бил почеток на патот за излегување на Русија од западната изолација.

Интересен беше моментот кога водителот се обиде на Путин да му предаде копија од обвиненијата поднесени против 12 руски разузнавачи. Путин го упати да ги постави документите на масата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG