Мирен собир на Комитите во чест на починатиот Саздовски
Навивачката група на спортскиот клуб Вардар - Комити се собраа денеска пред западната трибина на градскиот стадион во Скопје во чест на нивниот член Никола Саздовски кој почина од последиците на претепувањето од страна на три лица во Автокоманда на 29 јуни. Министерството за внатрешни работи соопшти дека случајот е експресно расчистен, дека две лица се во притвор, по едно се трага. Случајот, кој предизвика големи реакции во јавноста е во надлежност на Јавното Обвинителство.