Достапни линкови

Грција очекува зголемен број бегалци


Грција повторно отвора четири бегалски кампови
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Грција повторно отвора четири бегалски кампови

Грчкото Министерство за миграциона политика реши повторно да отвори четири кампови за сместување на зголемениот број бегалци и мигранти кои преку Грција сакаат да влезат во земјите од Западна Европа. Сега по нова миграциска рута преку, Албанија и Босна и Херцеговина.

Три од четирите бегалски кампови што повторно ќе бидат отворени се наоѓаат околу главниот град на Атина, додека четвртиот камп се наоѓа во близина на езерото Волви, околу 40 километри источно од Солун, вториот по големина град во земјата.

Околу 60 мали шатори се поставени во кампот за бегалци во близина на езерото Волви.

Според локалниот жител Костас, кампот бил изграден во 2016 година, но затворен за помалку од една година поради рудиментарните објекти во логорот.

„Нема подобрувања во реконструираниот бегалски камп, се уште има едноставни шатори. Бегалците ќе си заминат веднаш по влегувањето во кампот“.

Четирите бегалски кампови ќе бидат ставени во функција за една недела и ќе можат да примат околу 1.500 бегалци.

Грција и Италија се обично првото пристаниште за влез на бегалци од Блискиот Исток и Северна Африка, бидејќи се наоѓаат на Средоземното Море.

Сепак, Италија неодамна ја зајакна контролата над крајбрежната област за да ги спречи мигрантите да дојдат до нејзините бреговите.

Во меѓувреме, бројот на мигранти, расте и во Босна и Херцеговина.

Станува збор за нова миграциски пат кон западна Европа, формиран по затворањето на таканаречената балканска рута во 2015 година.

Сега мигрантите кои пристигнале во Грција одат преку Албанија и Црна Гора, во Босна и Херцеговина.

Таму, тие се надеваат дека ќе влезат во Хрватска, земја-членка на ЕУ, па понатаму во Словенија.

Санула Кан мигрант од Пакистан вели:

„Се обидуваме постојано. Веќе три месеци се обидуваме. Двапати хрватската полиција не фаќа и не враќа назад, не депортира во Босна. Двапати словенечката полиција не фати и не врати“.

Германскиот хуманитарен работник Рене Шујленбург, вели:

„Да, бројот на луѓе расте. Последен пат бев тука во мај, и во моментот би рекол дека има двојно повеќе луѓе. И, се разбира, бројот продолжува да расте, бидејќи повеќе земји од Европската унија ги затворија границите, па луѓето некако се заглавени овде“.

Во Велика Кладуша во моментов има околу 3.000 мигранти, од кои само околу 600 од нив имаат засолниште во импровизиран камп за бегалци во предградието.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG