Достапни линкови

Трамп не сака мигрантска криза како во Европа


Трамп: САД нема да бидат мигрантски камп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Трамп: САД нема да бидат мигрантски камп

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли критиките за неговата имигрантска политика на „нулта толеранција“ поради која на границата со Мексико има раздвоени деца од нивните родители.

Американскиот претседател Доналд Трамп, чија администрација се соочува со силен притисок од демократите, но и од редовите на неговата Републиканска партија, да престане да ги одвојува децата од нивните родители на границата со Мексико, ги отфрли критиките за неговата имигрантска политика на „нулта толеранција“.

„Соединетите држави нема да бидат камп за мигранти и нема да бидат објект за сместување на бегалци. Нема да бидат. Гледате што се случува во Европа, гледате што се случува на други места, не можеме да дозволиме тоа да се случи во САД“.

Трамп за сегашната ситуација на границата ги обвини демократите, додавајќи дека криминалот е причината за воведување на ваквите поостри закони за влегување во Соединетите држави.

„Ако демократите седнат да преговараат наместо да попречуваат, можеме да направиме нешто многу брзо, добро за децата, добро за државата, добро за светот. Може да се случи брзо, може да имаме закон за имиграција“.

Семејните поделби се резултат на политиката на „нулта толеранција“ на администрацијата во која сите оние кои нелегално влегуваат во САД, вклучувајќи ги и оние кои бараат азил, се кривично обвинети.

Тоа воглавно води до одвојување на децата од нивните родители. Додека родителите се држат во затвор, нивните деца се испраќаат одвоено во затворските установи.

Демократите ваквиот третман го осудија како варварски и го обвинија претседателот Трaмп дека децата ги користи како заложници.

Венди Јанг, застапник на организацијата за деца без документи не верува дека администрацијата на Трамп правилно размислувала како на крајот ќе ги обедини илјадниците деца што ги одвоила од родителите.

„Мислам дека тие го прават тоа намерно, искрено. Мислам дека делот во кој размислувале бил „како да ги одвраќаме луѓето од доаѓање во Соединетите држави?“. Не мислам дека тие всушност размислувале „како да се грижиш за семејствата кои се најмногу погодени?“

Американските власти соопштија дека нултата толеранција спрема имигрантите на границата со Мексико од половината на април доведе до раздвојување на околу 2 илјади деца од родителите кои биле приведени за илегално влегување во земјата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG