Полицијата употреби солзавец на протестите во Атина
Грчката полиција употреби солзавец врз демонстрантите пред зградата на парламентот во Атина, додека пратениците расправаа за иницијативата за недоверба на владата во врска со договорот за ставање крај на спорот меѓу Македонија и Грција за името. Македонија и Грција треба да потпишат договор на 17 јуни за промена на името на поранешната југословенска република во Северна Македонија.