Достапни линкови

Со светско првенство во фудбал и преку албум со сликички


На светско првенство и преку албум со сликички
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:27 0:00

На светско првенство и преку албум со сликички

Иако Македонија не е на Светското фудбалско првенство во Русија, фудбалска треска постои кај граѓаните. Албумот со самолепливи сликички за некого е пасија.

Големиот интерес за фудбалот и светското првенство во Русија е причината 14-годишниот Лука Бојоски од Тетово да биде упорен и да ги собере сите сликички од албумот посветен на ова глобално натпреварување. Заедно со татко му Зоран, неколку пати одел во Скопје каде се организираа настани токму за разменување на сликичките со фудбалери и екипи кои настапуваат на Мундијалот во Русија.

„Оваа 2018 почнав да го собирам албумот од светското првенство во Русија. И го собрав цел. Дознав дека и во Скопје има многу деца и отидов таму, две три недели секоја недела. Со 200-300 деца се разменувавме таму. Со помош на тие деца јас го собрав овој албум“, вели Лука.

За овој албум се потребни речиси 700 сликички, па треба да се одвојат и многу пари. Лука штедел од својот џепарлак. Вели дека поважно му e чувството што ја исполнил целта, отколку да има повеќе пари за трошење.

„Ова е детска игра, ама е убаво чувството да го собереш цел албум. Кога ќе пораснеш да се потсетуваш дека кога си бил мал си собирал. Парите што ми беа за храна на училиште ги заштедував за да си купувам пакетчиња. Да ги отворам и да ги залепам во албумот“, вели Лука.

Бојоски собира албуми од 2013 година. Па така ги има пополнето албумите од Светското првенство во Бразил 2014-та, и Европското во Франција 2016-та како и албумите од натпреварувањата во европските купови.

XS
SM
MD
LG