Работите во студентски домови со години не се менуваат и не е чудно што забелешките се повторуваат. Студентите и натаму се жалат на лошите и дотрaени улови во студентските домови кои остануваат поразителен декор во државата со години наназад. Тие велат дека тешко е да се зборува за тоа што е реконструирано во изминатиот период и оценуваат дека станува збор за козметички зафати што може да се сфати и како загубена надеж во темелни промени.
Меѓутоa Дона Костуранова од Младинскиот образовен форум смета дека општеството треба да се бори да направи се што е во негова моќ за да им се обезбедaт подобри услови за живот, но и академски развој на студентите
Таа вели дека во домовите секоја година се повторува проблемот како да се обезбеди греење или безбедни лифтови наместо да се размислува во домовите да се обезбеди читална или библиотека
„Мора да се поправат основните инфраструктурни услови, да има функционални и безбедни лифтови и квалитетна храна. Но на студентите не им треба само сон и храна туку и интелктуален развој. Домовите не нудат ништо од тоа“ вели Костуранова
Таа посочува дека реално нема студентски дом кај нас во кој има предавална, библиотека или читална.
„Срамота е да нема предавална, читална каде студентот може да учи. Домот мора да нуди повеќе од кревет, туш и храна. Во 2018 треба да не е за пофалба нови кревети и легла, туку како да се постави иновативна читална со најбрз интернет. И да има реконструкции, ако се сведат на легло и прозор повторно ништо на добива студентот, освен минималани услови за живот.“ изјави Костуранова
Студетите велат дека ,исто така, интервенциите во студентските домови треба треба да бидат темелни наместо половични како во изминатиот период.
Владимир Делов портпарол во Министерството з а образование изјави дека се очекува до почетокот на септември да биде завршена реконструкцијата на студентскиот дом Гоце Делчев на другите блокови во кои реконструкцијата што беше направена од претходната влада не заврши.
„Воедно планирана е нова менза во домот и партерно уредување околу домот. Следен дом каде треба да има поголеми зафати во иднина се планира изработка на проектна реконструкција на Стив Науамов“ изјави Владимир Делов.
Оваа година, според најавите од МОН, треба да се изработи техничка документација за санација на дотраените материјали и се очекува согласно средствата од идната буџетска година да се започне со реконтрукцијата на студентскиот дом Стив Наумов.
Од МОН посочија дека познати им се условите во домовите и дека е скенирана состојбата со фотографии и слики. Од таму рекоа дека претходната влада која се фалеше со ленти оставила катастрофални состојби и долгови и оти е потребно реновирање во многу домови. Опозицијата пак, сега ја критикува владата дека студентите во домовите се оставени сами на себе.
Во изминатите денови имаше реакциите од студентите по социјалните мрежи кои бараа да се се уреди зеленилото и да се искоси тревата кај студентскиот дом „Стив Наумов“ отако таму се појави змија.
Во Скопје има 4 студентски и три средношколски домови.
Во изминатите години во домот Гоце Делчев имаше реконструкција во еден блок, но другите делови пропаѓаа. Слична ситуација има и во Стив Наумов. Студентите посочуваат дека пред објектите на некои од домовите од надвор може да се види дека нема клупи и тревни површини а тоа доволно зборува за тоа каква е состојбата внатре во домовите.