Захариева:Илинденска Македонија ми звучи дека тие препознаваат оти имаме заедничка историја
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на прашање на дописникот на Радио Слободна Европа дали предлогот Република Илинденска Македонија е прифатлив за нејзината земја изјави дека разбрала оти еден од предлозите во спорот за името е Република Илинденска Македонија. „Илинденска Македонија на мене ми звучи дека тие препознаваат оти имаме заедничка историја и заедничко минато, бидејќи ова е многу важен дел од бугарската историја и многу важен моментум за нивната историја“, вели Захариева.