Достапни линкови

Заживуваат старите бегалски рути меѓу Грција и Турција


Грчките острови под притисок, бегалците по старите копнени рути
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Грчките острови под притисок, бегалците по старите копнени рути

Ситуацијата со бегалците и мигрантите на грчките острови станува се потензична. Дојденците се жалат на лошите услови во камповите, додека домаќините на однесувањето на мигрантите. Најтензично беше во Лезбос што го принуди премиерот Алексис Ципрас да го посети островот. Во исто време, бегалците се враќаат на старите копнени рути.

На рамницата по должината на границата меѓу Грција и Турција, скоро секое утро се појавуваат групи бегалци.

25-годишниот Омар Валид од Алепо, Сирија вели дека стигнал по неколкучасовно пешачење.

„Многу сум уморен. Многу е лошо“.

Валид замина од Сирија пред шест месеци, откако ги загуби таткото и браќата.

Друга група млади родители со деца ја следат железничката пруга, надевајќи се дека ќе ги одведе во некој град. 28 годишната Маја, исто така од Алепо, се надева дека нема да биде вратена назад во земјата.

„Патот е навистина напорен, бегаме од ситуацијата, тоа е војна, во нашата земја нема никој и ние бевме принудени да заминеме, па затоа дојдовме тука и патот беше навистина напорен“.

Само во април, околу 3 илјади луѓе пристигнаа во Грција преку Еврос, реката што ја дели Грција од Турција.

Тоа е еднакво на половина од пристигнувања низ целата мината година.

Полицијата и претставниците на локалната власт во регионот се загрижени за овој тренд.

Градоначалникот на Орестијада Василис Мавридис вели:

„Ако протокот што го видовме во овие изминати недели продолжи, ќе биде тешко да се справиме со овој проблем“.

Оние што пристигнуваат преку реката Еврос веднаш се регистрираат, а потоа добиваат дозвола за престој од три месеци.

Теоретски, тие се слободни да се движат во Грција - за разлика од оние на островите.

Речиси милион бегалци и мигранти премина од Турција на грчки острови во 2015 година, но таа рута сè уште е затворена откако Европската унија и Анкара се согласија да го сопрат протокот во март 2016 година.

Копнените рути како да не се опфатени со овој договорот.

Иако не е така опасно као на отворено море и преминувањето на реката можат да биде смртоносно.

„Таа е многу опасна река поради нејзините струи. Таа е валкана река и има калливо дно со гранки, што ги држат давениците на дното и ние никогаш не можеме да ги пронајдеме“, вели професорот по судска медицина, Павлос Павлидис.

Само во првите три месеци од годинава регистрирани се дванаесетина смртни случаи.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG