Првомајски протести во Скопје, сите завршија пред Влада
Подобар закон за работни односи и подобар колективен договор, К-15 и стоп за мобингот се дел од барањата кои синдикатите на денешните првомајски протести ги доставија до Владата. Протестите, организирани од пет различни синдикати почнаа на пет различни места, но сепак завршија заедно пред Владата.