Дигитален самит за Западен Балкан
Македонија е домаќин на првиот Дигитален самит за Западен Балкан 2018 кој се одржува во Скопје. Претставници на владите од регионот, на ЕУ, на невладините организации и бизнис секторот дебатираат за потребата и предностите на дигиталната трансформација на општествата во современиот живот.