Достапни линкови

Одбиени барањата за изземање на судии за „Тенк“


Груевски: Судењето за „Тенк“ е политички процес
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:20 0:00

Груевски: Судењето за „Тенк“ е политички процес

По рочиштето за „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски изјави дека одбиеното изземање на судиите е доказ дека ова е политички, а не правен процес. Апелациониот суд го одби барањето за изземање на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.

На денешното судско рочиште за случајот Тенк кој се однесува на набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра за потребите на тогашниот премиер Никола Груевски, адвокатите на обвинетите повторно побараа изземање на Судечкиот совет и на судиите од Апелација поради сомневање за пристрасност во случајот. Уште на почетокот, судот даде еден час пауза. По ова Апелациониот суд го одби барањето за изземање на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет за истиот предмет.

Во однос на решението, одбраната побара да и биде даден рок за жалба. Судечкиот совет одби, бидејќи во решенијата тоа не било предвидено.

Адвокатите на обвинетите во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство претпладнево побараа изземање на Судечкиот совет и на судиите од Апелација поради интервјуто на Катица Јанева дадено на 26 март, во кое таа тврди дека меѓу прислушуваните телефонски разговори има разговори и меѓу судии кои постапуваат по предмети на СЈО.

Ова е трет случај во кој се бара изземање на судиите, по „Топлик“ и „ТНТ“, но поранешниот премиер Никола Груевски изјави дека не станува збор за одолговлекување на предметот.

По паузата, Груевски обвини дека и во овој случај се гледа дека станува збор за политички, а не за правен процес. Адвокатскиот тим врз основа на изјавата на Јанева побара изземање на судиите, претседатели и заменици претседатели на кривичниот и апелациониот суд, за што според законите треба да даде свое мислење Врховниот суд, рече Груевски.

„Во четвртокот еден судски совет што тогаш заседаваше одлучи да го почека Врховниот суд да даде свој став, а денеска се постапи обратно. Претседателот на Кривичен суд донесе решение со кое тоа се одбива. Во четвртокот една одлука, денеска друга одлука се одби и тоа покажува дека станува збор за политички процес каде со политички консултации се носат одлуките“, изјави Груевски.

Тој кажа дека мината недела, оваа и следната недела секој ден ќе биде повикуван на рочишта, што, според него, е во директна спротивност со начелата на судот во Стразбур за да не се даде можност за подготовка на одбраната. Груевски рече дека со ова се оневозможува и неговата работа во парламентот за да не може да биде политички активен.

Во случајот „Тенк“, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Тројцата се обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година, Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

please wait

No media source currently available

0:00 0:05:00 0:00
Директен линк

Инаку мерцедесот беше дела од т.н. бомби што ги објави СДСМ. Во прислушуваните материјали се слуша како тогашниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни арботи Гордана Јанкуловска се договараат како да се купи мерцедесот.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00
Директен линк

Машки глас: За две работи те барам, прво, она што ми остави ти едни проспекти ти текнува?

Женски глас: Да, да.

Машки глас: Тоа на М.

Женски Е, добро, ОК.

Машки: Да не зборувам вака.

Женски глас: Ако има шанса да ми го вратите проспектот да го направиме како што треба.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG