Достапни линкови

Мерцедесот на Груевски и тендерите на ЕЛЕМ - нови истраги на СЈО


Архивска фотографија - Поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Архивска фотографија - Поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

СЈО соопшти денеска дека отвора две нови истражни постапки „Тарифа“ и „Тенк“. Едната истрага се однесува на набавка на софтвер за потребите на ЕЛЕМ, а другата за набавка на возило за потребите на поранешен премиер.

Поранешниот премиер Никола Груевски и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска повторно се најдоа на тапет од страна на СЈО. Нарачката на мерцедесот на Груевски, која беше обелоденета од таканаречените бомби кои ги објави СДСМ е дел од новата истрага која ја отвори СЈО, насловена „Тенк“.

Во случајот не е осомничен Груевски, туку Јанкулоска и уште едно лице од министерството, кои, како што соопштија од СЈО, со цел да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип на возило незаконски фаворизирале одредена компанија. Според СЈО, иако еден од осомничените бил свесен за незаконското привилегирање на определена компанија, сепак донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор за јавна набавка на возило во износ од околу 572.780 евра.

Во една од бомбите на СДСМ во мај 2015 година беше објавен телефонски разговор во кој, како што тврдеше партијата, се слуша како Груевски преку Јанкулоска нарачува мерцедес, кој бил купен со народни пари.

„Машки глас: До локалните ние нема да објавуваме дека го презимаме возилото, туку ќе глумиме дека е на МВР и вие ќе си го користите коа ќе ви доаѓа некој познат ова она, ќе го користите а ние ќе го користиме само коа ќе одам на пат или кога имам дестинации кајшто не ме чекаат новинари...

Женски глас: Нема проблем претседателе, јас пошто...

Машки глас: Така да заради тоа ќе го задржиме... ќе комбинираме...

Женски глас: Да да добро нема проблем...

Машки глас:Таму...кај шо ме чекаат куп новинари ќе си одам со старата

Женски глас: Да де да...Машки глас: ...или ако е на пат ќе одам со новото а некаде таму ќе се пребацам у друго и така, до локални, после локални ќе смислиме некој начин ќе објавиме дека сме го превземале од МВР и дека од сега...бидејќи 20 години више ќе направи претходното и дека сме го превземале тоа и така“...

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00
Директен линк

СЈО соопшти и дека отвора уште една истрага, насловена „Тарифа“, а осомничени се седум лица за злоупотреба на службената положба и овластување при набавка на софтвер за потребите на АД ЕЛЕМ. Според СЈО, фирмата која го добила тендерот во првата фаза немала доставена комплетна документација, а доказите покажуваат оти софтверот во значителен дел не е имплементиран, иако до сега биле исплатени околу 3.700.000 евра.

Во ниту една од бомбите, не можеше да се слушне конкретно за ваков случај, но токму кога беше објавено за мерцедесот на Груевски, беа презентирани и разговори за тоа како, според СДСМ, се местеле милионски тендери во ЕЛЕМ под налог на Груевски. Беа презентирани 12 разговори меѓу генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски и тогашниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.

„Машки глас: Ало.

Машки глас 2: Еј Чинго.

Машки глас: Кажи.

Машки глас 2: Сега бев кај шефот за тоа што сте збореле. Еј како да организираме ми даде насока да се видиме со овие двајцава.

Машки глас: Како да направиме. Ајде кажи. Јас сум уште кај мене на работа.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:39 0:00
Директен линк

За прв пат СЈО новите истраги не ги презентираше на прес конференција.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG