Достапни линкови

Русија пред претседателските избори, притисок за поголем одзив


Голем притисок за да се излезе на изборите во Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:49 0:00

Голем притисок за да се излезе на изборите во Русија

Гласајте или ќе најдете геј во креветот. Тоа е пораката на виралното видео кое ги повикува луѓето да гласаат на претседателските избори во Русија. Различни форми на притисок се применуваат по опозициските повици луѓето да останат дома на денот на гласањето.

Милиони луѓе го гледале хомофобичното и расистичко видео на социјалните медиуми, во кое се бара од нив да гласаат на претседателските избори во Русија.

Во него е прикажно како еден човек не гласал па се буди во еден друг свет во кој во својот дом наоѓа геј при што жена му му вели:

„Што ти е? Таков е законот овие денови, секое семејство мора да прими геј лице кое е напуштено од неговиот партнер. Има уште една недела: ако не најде партнер пред тоа, ќе мора ти да бидеш со него“.

Една од актерките Светлана Галка, на Фејсбук напиша дека спотот бил снимен од професионалци и го оцени како „хумористичен“. Некои, како опозицискиот политички коментатор Олег Кашин, ја откриваат раката на Кремљ.

„Власта, јас не се сомневам дека власта го нарачала ова видео, тешко е дека некои независни ентузијасти одлучиле да се промовираат на овој начин. Постои јасен поглед на граѓанинот како дел од ѓубрето, кој може да се натера да гласа само со најниски средства“.

Рускиот претседател Владимир Путин речиси е сигурно дека ќе биде реизбран кога гласачите ќе гласаат на 18 март.

Но, принудувањето на луѓето да гласаат, е од витално значење за зајакнување на неговиот легитимитет, особено откако изборите за Државната Дума во минатата година имаа рекордно низок одѕив.

Од цела Русија, има извештаи за зголемен притисок врз луѓето да гласаат.

Во Екатеринбург универзитетски професор одржа предавање во кое вели дека учениците треба да ги следат примерите на нивните наставници и да гласаат што е можно порано.

„Тие ќе гласаат и ќе ми се јават за да знам дека гласале. Тука нема место за измама. Сè ќе биде изложено, бидејќи ги регистрираат сите гласачки ливчиња“.

Менаџери во една банка добија порака од нивните шефови, барајќи да обезбедат гласање на своите вработени, дури и ако се на одмор или боледување.

Формуларот вклучува колони да се потврди каде и кога луѓето гласале - и ако некој не гласал, да објасни зошто.

Но, исто така има кампања за изборен бојкот, со митинзи низ цела Русија. Бојкотот го организира лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, откако му беше забрането да учествува на изборите.

Тој одлуката на изборната комисија ја оцени како "политички мотивирана".

На 15 февруари неговата веб-страница беше блокирана од властите.

„Мојот блог е блокиран за да се намали растот на нашиот изборен бојкот и организацијата на набљудувачите. Затоа размислуваме за неколку начини за спречување на овие блокади“.

Во меѓувреме, привлекувањето за што поголем број гласачи продолжуваат.

На изборите во Русија, големото прашање не е кој ќе победи, туку дали доволно луѓе ќе излезат за да му дозволат на победникот да бара силен мандат.

XS
SM
MD
LG