Македонија и Албанија стартуваа со уште еден меѓуграничен проект финансиран од ЕУ од програмите во сферата на земјоделството. Пограничните региони на Дебар и Пешкопеја имаат богат потенцијал во земјоделието и сточарството, но проблеми има со недостигот на кадровски капацитети, немањето на сертификати за земјоделските стандарди и маркетингот. Со овој проект околу 20 - тина субјекти од сферата на агробизнисот ќе добијат сертификати за исполнуивање на потребите на европските стандарди.
„Цел на овој проект е подготвување на капацитети во сферата на земјоделството и сточарството. Се овозможува достигнување на земјоделските стандарди и ќе се издаваат сертификати, потоа ќе се градат капацитети за учество во проекти за добивање на средства преку соодветна стратегија на маркетинг со цел да дојде до економски развој и равојот на троговијата во оваа сфера. Двата региони имаат големи можности за производство на еко производи, но им недостига маркетинг и капацитети“, објаснува координаторот на проектот за општина Дебар, Газменд Цами.
Координаторот на овој проект за албанската страна, околијата на Пешкоеја, Илир Пилку, вели дека регионите од двете страни на границата имаат огромен можности кои гарантираат и пласман на земјоделските и странските производи да ги пласираат на европските пазари.
„Во овој регион има над 220 видови на лековити билки од кои може да се заработи добро, а кои тие лековити билки се пласираат на европските пазари“, вели Пилку.
Дебарските сточари кои успешно произведуваат бело овчо сирење на традиционален начин поради немање на сертификати досега не беа во можност да го пласираат овој млечен производ во странство, вели сточарот Скендер Аме.
„Големи проблеми имаме со немањето на сертификати. А тоа е услов за да пласираме наши производи на европскиот пазар. Ние како сточари очекуваме многу од овој проект на ЕУ, бидејќи обуките се мошне битни за нашите сточари“, вели сточарот Аме.
Во рамките на проектот кој ќе трае две години, ќе се организираат обуки, работилници и ќе се дава стручна помош на земјоделците и сточарите од двете страни на границата на Македонија и Албанија.